text size
Преземените монетарни мерки, заедно со намалувањето на цените на храната и на енергентите на светските берзи, се факторите коишто влијаеа инфлацијата во нашата земја да се сведе на три проценти, што е под просекот на земјите во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Сепак, иако ценовните притисоци се намалуваат и инфлацијата е во постојан пад, имајќи предвид дека и натаму постои неизвесност, неоходна е претпазливост и внимателен пристап при водењето на макроекономските политики, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на тркалезна маса во рамки на Регионалниот состанок на гувернери на централни банки, кој се одржа во Сплит, Хрватска.