text size
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчерашната седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари(162 милиони евра).