text size
Даночна реформа е потребна, но не по концептот кој го најавува Владата, изјави утрово во гостување на ТВ Bloomberg Adria, професорот Бранимир Јовановиќ. Тој вели дека најавените реформи не обезбедуваат праведност во даночењето и дека наместо да се зголеми опфатот кај побогатите, се прави доополнителен товар кај понемоќните. Јовановиќ ја застапува идејата за прогресивно оданочување.