text size
Информација за задолжување на Македонија со заем кај домашни комерцијални банки разгледала Владата на седницата која се одржала на 3 август годинава. Конкретни детали за задолжувањето не беа обелоденети во соопштението по седницата, па Bloomberg Adria праша за каков заем станува збор и колку пари се планираат да се повлечат на ваков начин. Владата инаку редовно издава државни хартии од вредност кои меѓудругите ги купуваат и банките. Задолжувања кај конкретни банки во вид на кредити каков што најверојатно е случајот сега имало и претходно во неколку наврати.