text size
Растечката инфлација која стана една од најголемите закани за глобалната економија е предизвикана од страна на понудата, пред се на пазарите на енергенси и храната, а по воениот конфликт во Украина. Во услови на долготрајност на нарушувањето и на рамнотежата, сите очекувања беа свртени кон централните банки. Анализираме колкава е моќта на монетaрните мерки во зауздување на инфлаторниот притисок. Со затегнувањето на политиката, централните банки испраќаат сигнал преку каналот на очекувањата, но намалувањето на инфлацијата не треба да се очекува да се случи преку ноќ. Впрочем, јасно е, тие банки можат да сторат многу, ама не можат да сторат се за да се намали притисокот. Тоа се покажува и на случајот на Македонија. Имаме ли опции?