Македонија

Се зголемува ценовниот јаз меѓу поевтините бензини и поскапиот дизел

Автор: Мирјана Јовеска

1 септември 2022, 16:45

Од ноќеска бензините поевтинуваат за 2 денари, а цената на дизелот останува иста

Сега бензините се продаваат за 11,5, односно 14 денари поевтино

Се зголемува ценовниот јаз меѓу поевтините бензини и поскапиот дизел

Bloomberg

Мирјана Јовеска

Бензините поевтинуваат за 2 денари, а за дизелот не се менува цената. Ова е одлучено на последната вонредна пресметка за цените на горивата, што денеска ја објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

Со тоа, уште повеќе се зголемува јазот меѓу поевтини бензини и значајно поскапиот дизел, што е невообичаена состојба на пазарот. Според новите цени Еуросупер 95 ќе се продава за 87,5 денари, а литар Еуросупер 98 ќе чини 90 денари. Дизелот продолжува да се продава по истата цена од 101,5 денари. Тоа значи дека бензините сега се продаваат по цена за 11,5 денари, односно за 14 денари поевтино од дизелот.

 

 

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе вонредна одлука за цените на нафтените деривати со која се намалуваат цените на бензините за два денари, а условот да се намали дизелот се уште не е исполнет“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. 

Јазот меѓу цените на горивата, според Бизлимовски, во Македонија се пресликува од движењата на светските берзи, каде во август имаше драстична промена на односот на цената на бензините и дизелот. 

„За првпат откога го пратиме ние овој сектор, цената на бензините е пониска од цената на дизелот не во Македонија, туку и на светските берзи. Овие податоци од ПЛАЦ коишто ги користиме имаме обврска како што ги преземаме така да ги применуваме“, појасни Бислимоски, додавајќи дека со истите податоци работат и во Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија.  

Поттикнат од, како што вели, шпекулациите во јавноста за начинот на методологијата за пресметка на цените на горивата, првиот човек на РКЕ уште еднаш се обиде да образложи на кој начин регулаторното тело ја формира цената на горивата. 

Вели дека РКЕ ги следи цените на медитеранската берза и за тоа од ПЛАЦ добива потврда за секој нафтен дериват посебно.  

„Цената на бренд нафтата ние не ја земаме во предвид бидејќи, за жал, во државата немаме рафинерија која што произведува нафтени деривати“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција. 

„Тоа што го објавува ПЛАЦ од медитеранската берза ние го ставаме во нашите пресметки, земајќи го во предвид и курсот на доларот. Факт е дека последниве две-три недели курсот на доларот е речиси залепен до курсот на еврото. И тоа беа главни причини за зголемување на цената на дизелот. Ниту имало идеи намерно да се зголемува цената на дизелот, па заради тоа да се полни буџетот, сето тоа се шпекулации и невистини од највулгарен тип“, истакна Бислимоски и додаде дека на овие влезни параметри цена на светски берзи и курс на долар се додаваат давачките коишто се кон државата. 

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите