text size
Македонската индустрија покажува сериозна нестабилност во текот на целата година. Во септември, според последните статистички податоци, остварила раст од само 1,4 отсто, но во изминатите месеци имаше и бројки што беа во длабок минус. Состојбата е иста и во преработувачката индустрија, која учествува со 80 отсто во вкупното индустриско производство.