text size
Министерството за финансии за прв пат по подолг период се обидело да обезбеди пари за буџетот со издавање на краткорочни тримесечни државни записи. Еднаш во јуни кога, за понудените записи од 600 милиони денари никој не се заинтересирал и втор пат во јули годинава кога на акукција на тримесечни записи државата успеала да собере 100 милиони денари. Парите кои секако не се сериозна сума ќе треба да се вратат до октомври годинава. Секако рочноста е голем сигнал за процесот на задолжување. Последен пат кога Министерството за финансии издало тримесечни записи е во пандемиската 2020 година и тоа само во еден наврат, во мај, кога биле понудени и запишани тримесечни државни записи за 600 милиони денари. Претходно, години назад овие краткрочни хартии од вредност не се не издаваа или последната аукција е во 2016 година. Државата впрочем, во постабилна економска ситуација се насочи да го финансира буџетот со издавање државни обврзници со подолги рочности, а на таков начин сакаше да ги оптимизира исплатите на долгот и да го намали ризикот од рефинансирање.