text size
Во петок попладне, по завршувањето на работната недела, баровите и кафулињата во Скопје се полни. Масите се зафатени уште од раните вечерни часови, најчесто со претходни резервации, музиката е гласна, а слободно место тешко се наоѓа без навремена најава. Цените на пијалаците и на храната одамна не се симболични, но тоа очигледно не ги одвраќа гостите. По напорната работна недела, излегувањето останува дел од урбаниот ритам на градот.