text size
Трошоците за задолжување на државите се зголемуваат низ целиот свет, бидејќи инвеститорите бараат поголема награда за да им биде привлечно „чување“ на долг со поголем рок на достасување. Па така, приносите на 30-годишните јапонски државни обврзници се близу до историските максимуми на 4,19 отсто, додека приносите на 30-годишните британски државни обврзници се на највисоко ниво од 1998 година. Мерачот на „Блумберг“ што го следи државниот долг низ земјите од Групата седум сега дава највисок просечен принос од септември 2000 година.