text size
Зголемувањето на бројот на патувања и одлуката на Кина да ги отстрани последните ограничувања за движење поради ковид-19 открија дека во светот се јавува недостиг од авиони. Големите авиокомпании како „Јунајтед Ерлајнс“ (United Airlines), „Ер Индија“ (Air India) и други веќе нарачаа или планираат да нарачаат стотици авиони, а „Ербас“ (Airbus) и „Боинг“ (Boing) се радуваат на огромни договори. Но, со оглед на ограничувањата во синџирот на снабдување, новите авиони веројатно нема да бидат испорачани во следните неколку години. Имено, „Џефрис ЛЛЦ“ (Jefferies LLC) проценува дека во моментов има заостанати нарачки за 12.720 авиони.