text size
Светската банка ги намали своите прогнози за раст за поголем дел земји и региони и предупреди дека новите негативни шокови може да ја доведат глобалната економија во рецесија. Глобалниот бруто-домашен производ веројатно ќе се зголеми за 1,7 процент оваа година, што е само половина од проекциите на банката во јуни, објави Светската банка, чие седиште е во Вашингтон.