Свет

Германија во Давос предупреди на „висок ризик“ од нова трговска војна

Извор: Bloomberg News

17 јануари 2023, 15:04

Хабек вели дека Кина води „многу агресивна политика во последните години“

Санчез: ЕУ мора да бара договор со САД за да спречи трговска војна

ЕУ има некои внатрешни „домашни задачи“, вклучувајќи и намалување на бирократијата

Германија во Давос предупреди на „висок ризик“ од нова трговска војна

Bloomberg Mercury

Членовите на светската елита се вратија во Давос, на својата редовна јануарска сесија, по тригодишна пауза поради пандемијата на ковид-19.

Како што милијардерите повторно се собираат на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ/WEF), сè помалку се присутни големите играчи од политиката. Војната на Русија во Украина и тензиите меѓу САД и Кина го направија настанот на Алпите непријатен.

Недостигот од снег на падините е потсетник за климатската криза, која ќе доминира во голем дел од дискусијата. Загриженоста за политичката стабилност е исто така високо на агендата, а други теми ќе бидат крајот на ерата на евтини пари и безбедноста на храната и енергијата.

Следете ја телевизијата Блумберг за интервјуа со извршниот директор на УБС (UBS), Ралф Хамерс, генералниот секретар на ОПЕК (OPEC), Хајтам Ал-Гаис, извршниот директор на „Шеврон“ (Chevron), Мајк Вирт, и германскиот министер за економија, Роберт Хабек, меѓу многу други. Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе зборува и за ТВ Блумберг од нашето студио во Берлин.

Хабек вели дека ризикот од трговска војна е „многу висок“ (8.00)

Хабек предупреди дека ризикот од нова трговска војна е „многу висок“ бидејќи земјите сè повеќе гледаат навнатре во услови на глобална несигурност и рече дека СЕФ може да биде ефективен форум за дискусии што може да помогнат да се избегнат такви спорови.

„За некои земји видовме дека избраа изолација или конфронтација“, рече Хабек во интервју за германското радио Дојчландфанк, додавајќи дека Кина води „многу агресивна политика во последните години“. Ако другите нации во Европа или Америка решат да го сторат истото тоа, „тогаш нема да можеме да ги решиме проблемите во светот“, нагласи тој.

Санчез: Мора да се избегне трговска војна меѓу ЕУ и САД (8.00)

„Европската Унија мора да ја реформира својата политика на државна поддршка за индустријата и истовремено да бара договор со САД за да се спречи трговска војна“, изјави шпанскиот премиер, Педро Санчез.

„Обврска за САД и ЕУ е да постигнат договор за индустриската политика“, рече Санчез во интервју за Си-ен-би-си (CNBC). „ЕУ има и некои внатрешни домашни задачи, вклучувајќи и намалување на бирократијата и реформирање на правилата за државна поддршка за индустриите“, рече тој.

Форест: Климата мора да биде приоритет (8.00)

„Има некои од посетителите на Давос што сè уште се премногу фокусирани на инфлацијата, каматните стапки и привремените економски фактори, додека всушност треба да ја разгледаат климатската криза“, рече милијардерот Ендрју Форест.

Компаниите што „силно се впуштаат во зелената енергија добро знаат дека тоа ќе ги намали трошоците за енергија, ќе го зголеми животниот стандард и ќе ја намали инфлацијата“, изјави Форест за „Блумберг“, додавајќи дека најтешката енергетска криза во Европа е завршена. „Луѓето почнуваат да се навикнуваат на тоа, но она на што исто така се навикнаа, потсвесно или свесно, е дека ерата на фосилни горива е завршена“, рече рударскиот магнат.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

пред 22 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите