text size
Движењата на пазарите на стоки се неконзистентни. Иако, според многу аналитичари, се приближуваме до рецесија, што значи намалување на побарувачката, цените на енергетските производи сè уште не забавуваат, бидејќи цената и на природниот гас и на суровата нафта се одржуваат на покачени нивоа поради неизвесноста во понудата. Индустриските метали со своите падови веќе покажуваат заладување на економијата.