Еврокомесарот за трговија и економска сигурност Марош Шефчович денеска патува за Вашингтон на разговори со претставници од новата администрација на САД околу трговските односи меѓу ЕУ и САД.
Според најавите, Шефчович во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за трговија Хауард Латник, со трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, и со шефот на Националниот економски совет, Кевин Хасет.
Во пресрет за заминувањето, Шефчович во саботата на 61. Минхенска безбедносна конференција изјави дека ЕУ е подготвена да разговара за сѐ што е потребно, со цел да ги избегне царините за увоз на европски стоки во САД.
Прочитај повеќе

САД сакаат сопственост врз половина од ретките минерали во Украина
Американскиот секретар за финансии Скот Бесент му го претставил предлогот на Зеленски во нацрт-договор, кој бил донесен на нивниот состанок во средата, според Ен-Би-Си,
15.02.2025

Трамп: Нови тарифи за увоз на автомобили во САД од април
„Ќе го направиме тоа околу 2 април“, им рече Трамп на новинарите во петокот во Овалната соба, додека потпишуваше извршна наредба за енергетската политика.
15.02.2025

Трамп планира царина од 25 проценти за увоз на челик и алуминиум во САД
Вчерашниот потег е последен во серијата заканувачки царини на Трамп за земји и специфични сектори кои ги потресоа пазарите во последните недели.
10.02.2025

За американските компании, ЕСГ-правилата се сериозна бариера за тргување со ЕУ
Американската стопанска комора при ЕУ, чии членки се „Форд“, „Ексон“ и „Амазон“, ја повикува ЕУ да ги одложи, па дури и да ги запре главните планови интегрирани во нејзините ЕСГ-правила.
10.02.2025
„Ги прашувам моите американски партнери зошто треба да поминуваме низ оваа болка? Ако има други прашања на маса, ајде да седнеме заедно и да ги решиме“, порача Шефчович.
Според него, ЕУ е подготвена да преземе мерки за намалување на суфицитот во трговската размена со САД, кој лани достигна околу 50 милијарди евра, факт што постојано го повторува американскиот претседател Доналд Трамп кога говори за односите со Унијата и „потребата од пофер однос“ на блокот кон неговата земја.
Шефчович најави и дека ЕУ е подготвена да ја намали својата царина за увоз на автомобили, што изнесува 10 отсто и е околу четири пати повисока од онаа во САД, како и дека блокот е расположен да ја зголеми набавката на американски стоки, пред сѐ на течниот природен гас и сојата.
„Ако се проблем 50-те милијарди евра, ако се проблем автомобилите, ако е проблем сојата, ако е проблем течниот природен гас, ние сме подготвени да разговараме за тоа“, рече Шефчович.
Минатата недела Трамп воведе царини од 25 отсто за увозот на челик и алуминиум во САД, а најави и „реципрочни царини“ за земјите што би презеле контрамерки за американското оцаринување. Царините за увозот на челик и алуминиум треба да стапат во сила од 12 март, додека евентуалните „реципрочни царини“ би требало да бидат воведени на 2 април.
Европските бизниси и економски аналитичари сметаат дека царините веројатно ќе имаат негативни последици кон и онака нискиот економски раст во ЕУ и може да доведат до тоа кинеските стоки што сега се пласираат во САД да се пренасочат на европските пазари.