Вести

ББА-анализа: Случувањата околу Црвено Море ја зголемуваат загриженоста

Извор: Иван Одрчиќ, аналитичар на „Блумберг Адрија“

24 јануари 2024, 07:22

Референтната стапка за контејнерскиот транспорт скокна над 370 отсто во последните два месеца

Не се очекува неконтролиран раст на инфлацијата во следните неколку месеци

Но просечната инфлација, поради случувањата, би требало да биде нешто повисока годинава

ББА-анализа: Случувањата околу Црвено Море ја зголемуваат загриженоста

Bloomberg

Приближно 12 отсто од светската трговија минува низ Суецкиот Канал, така што не е изненадувачки што зголемената нестабилност во регионот на Црвено Море ја поттикнува загриженоста за обновување на инфлаторните притисоци. Влијанието на ваквите настани врз цените на контејнерскиот транспорт е евидентно – референтната стапка Шангај-Ротердам скокна над 370 отсто во последните два месеца и сега е на највисоко ниво од последниот квартал на 2022 година, односно периодот кога синџирите на снабдување полека закрепнуваа по пандемијата. Од друга страна, бродовите што редовно го заобиколуваат нестабилниот регион на Црвено Море не мора да ги покачуваат транспортните цени, односно цените на транспортот до пристаништата на американскиот источен и западен брег се само минимално чепнати.

И покрај нестабилноста, не бележиме неконтролиран раст на инфлацијата во следните неколку месеци, но потоа се зголемува веројатноста за повремени инфлациски скокови. Сегашните скокови на цените на превозот значат дека поради подолгите линии, бродарите треба да трошат повеќе за гориво и осигурување, а транспортниот капацитет е намален.

Како и обично, не е сè црно-бело – на пример, цената на гасот е 28 евра за мегават-час и не е баш засегната од новата геополитичка нестабилност и е на патеката на вообичаениот сезонски пад. Ова е поткрепено со успешната прераспределба на овој ресурс во последната година и половина, односно свртување кон извори на снабдување од Норвешка и од САД.

Bloomberg
 

На суровата нафта исто така не влијаат неодамнешните настани – цената на барел брент е околу 80 долари, или малку под 82 долара, што е просечна цена за цела 2023 година. Со други зборови, глобалната побарувачка се чини дека е поважен фактор за цената на нафтата во споредба со ефективната понуда во светло на последиците од војната во Црвено Море.

Движењето на цените на овие два претходно споменати ресурса подразбира дека на краток рок не очекуваме значително влијание врз бизнисот или економијата на ЕУ или регионот Адрија, додека позначајна материјализација на негативните ризици може да се очекува на среден или долг рок.

Како и да е, гореспоменатите скокови на цените во превозот треба да се прелеат на потрошувачките цени во ограничен обем, но тој трошок првенствено би го платиле граѓаните на европскиот континент. Секако, брзото решавање на ситуацијата би го поништило таквиот трошок, но, за жал, тоа не го гледаме како основно сценарио во наредните месеци. Напротив, се чини дека премногу од инволвираните актери од бунтовничките сили се многу мотивирани да продолжат со овој вид притисок, наведувајќи ја како причина интервенцијата на Израел против терористичката група Хамас.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Имајќи предвид дека израелското воено и политичко раководство не размислува за итно намалување на притисокот врз Појасот Газа, најверојатната опција е одржување геополитичка нестабилност. Преведено во инфлаторни очекувања, инфлацијата во ваквото сценарио би требало да биде нешто повисока годинава во просек за поголемиот дел од Европа, а падот кон посакуваната инфлација од два отсто во 2025 година би бил побавен. Но, експлозијата на инфлацијата кон двоцифрените нивоа од пред година или две не е наше основно сценарио. Сепак, сите овие исходи ја отежнуваат работата на европските централни банкари, кои со задоволство би ги намалиле каматните стапки годинава, истовремено повлекувајќи го вишокот ликвидност од системот, па таквата активност би била побавна отколку што мислеле досега. И не треба да се заборави силниот номинален раст на платите, кој ја потхранува побарувачката, а со тоа и инфлацијата.

Дополнително, покрај изразената антиимигрантска реторика пред јунските избори за ЕУ, враќањето на инфлаторните притисоци и потенцијалната неможност за нивно смирување ќе долеат дополнително масло на огнот во европската политичка арена, што може да биде вовед во значително полоша геополитичка ситуација од таа во која моментално се наоѓа континентот, како и светот.

Сите новости од рубриката Коментар

Коментар

сите новости од рубриката Коментар

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите