text size
„Атлантик“ продолжува да ја подобрува профитабилноста во третиот квартал од 2024 година - нормализираната ЕБИТДА од 90,6 милиони евра е за 29,3 отсто повисока во споредба со истиот период лани. Нормализираната ЕБИТДА маржа достигна ниво од 11,3 отсто, што претставува зголемување од 1 процентен поен во однос на крајот на првата половина од годинава. Постигнатите резултати на профитабилноста се засноваат на силниот раст на приходите од продажба, кои се повисоки за 10,6 отсто во однос на истиот период лани, така што сегашната вредност на приходите од продажба од речиси 800 милиони евра е охрабрувачки знак дека „Атлантик“ ќе го постигне поставениот план за над една милијарда евра оваа година.