Вести

Кевин Спејси мора да плати 31 милион долари за сексуално вознемирување

Извор: Robert Burnson/Bloomberg

05. Август 2022, 08:39

Кевин Спејси мора да плати 31 милион долари за сексуално вознемирување

Getty Images

На актерот Кевин Спејси му беше наложено да плати 31 милион долари на продукциската куќа на „House of Cards“ за наводно сексуално недолично однесување поради кое беше исфрлен од популарната серија на Netflix и ја промени неговата некогаш елитна актерска кариера.

Спејси (63) глумеше во пет сезони на драмата посветена на највисоките кругови во Белата куќа, кога во 2017 година се појавија обвинувања дека имал историја на сексуално вознемирување, а во некои случаи и напаѓање на млади мажи.

Продуцентот MRC II Distribution Co. го отпушти и го исклучи од последната сезона, која беше скратена од 13 на 8 епизоди. Исто така спроведе сопствена, интерна истрага, која додаде пет членови од екипата на „House of Cards“ на листата на мажи кои го обвинуваат Спејси за недолично однесување.

Компанијата соопшти дека недоличното однесување на Спејси е прекршување на неговиот договор и го тужеше за отштета во приватна арбитража.

По 20 депонирања и осумдневно сослушување за докази, арбитарот пресуди против Спејси и му нареди да плати 29,5 милиони долари отштета на MRC, плус трошоци и правни такси од 1,5 милион долари.

Спејси се спротивстави, тврдејќи дека пресудата се заснова на наводи кои немаат никаква врска со неговата работа за MRC. Но, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мел Ред Рекана, го отфрли аргументот на Спејси и ја потврди арбитражната одлука од 31 милион долари во пресуда на 14 страници во четвртокот.

Рекана рече дека арбитарот „открил дека однесувањето на Спејси претставува материјално прекршување на неговите актерски и продукциски договори“ со МРЦ.

„Задоволни сме од одлуката на судот“, рече адвокатот на MRC, Мајкл Камп.

Адвокатот на Спејси не одговори веднаш на барањето за коментар.

Актерот беше обвинет во мај и од британските власти за четири точки за сексуален напад.

Сите новости од рубриката Магазин

Магазин

сите новости од рубриката Магазин