Азиските акции ја намалија добивката, додека акциите во САД паднаа, а доларот порасна бидејќи инвеститорите го вратија фокусот на инфлацијата и ризикот од рецесија.
Позитивното расположение ослабна во текот на попладневното тргување во Азија откако претходно беше доста раздвижено во Јапонија, Хонгконг и Австралија со раст од 2 проценти на „S&P 500“.
Податоците за инфлацијата во Германија го нагласија ризикот на пазарот од раст на потрошувачките цени.
Банкарите од американските Федерални резерви (ФЕД) се одлучни во натамошното заострување на монетарната политика, а Британската централна банка го претстави планот вреден 65 милијарди фунти (71 милијарди долари) за поддршка на државниот долг и националната валута.
GBPUSD:CUR
GBP
1,0788 USD
почетна цена
1,0889
претходна цена на затворање
1,0889
промена од почетокот на годината
-20,1301%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
1,04 - 1,38
Фунтата падна за 1 процент утрово. Кинескиот јуан напредуваше за прв пат во девет седмици, откако централната банка објави усно предупредување против валутните шпекулации.
„Централната банка моментално е во многу тешка положба“, рече Џули Бил, виш истражувалки аналитичар, а во врска со Британската централна банка (BOE) во интервју за Блумберг ТВ. „Сите гледаме нестабилност и ги следиме реакциите на пазарот“, додаде Бил.
Претседателот на ФЕД во Атланта, Рафаел Бостич, рече дека очекува зголемување на каматните стапки за дополнителни 1,25 отсто до крајот на годинава за да се спротивстават на инфлацијата, која што беше полоша отколку очекуваното.
Надлежните од Европската Унија (ЕУ) и ги претставија на Русија новите економски ограничување, како одговор на инвазијата врз Украина. Со новите санкции се забранува продажба на руска нафта од страна на трети земји над утврдените највисоки цени. Со планот би се нанела економска болка на Русија во износ од околу 6,7 милијарди долари.
„Пазарите се многу песимистични. Инвеститорите се буквално на маргините“, рече Џулија Рајскин, раководителка на азиско-пацифичкиот пазар за „Citigroup Inc“.