Берзи

Продолжува егзодусот на инвеститори на Македонската берза

Автор: Владимир Николоски

21 јуни 2023, 08:30

Минатата година меѓу инвеститорите имало 60.067 домашни физички лица и 1.754 домашни правни лица

Само 913 странски физички лица и 148 странски правни лица се јавуваат како инвеститори во 2022-та

Континуирано намалување има и кај домашните и кај странските инвеститори

Продолжува егзодусот на инвеститори на Македонската берза

Македонска берза

Владимир Николоски

Пад на бројот на инвеститори на Македонската берза имало во текот на минатата година, со што продолжува трендот на намалување на интересот меѓу домашните и странските физички и правни лица за инвестирање на македонскиот пазар на капитал. Според новиот извештај на Централниот депозитар за хартии од вредност, минатата година меѓу инвеститорите имало 60.067 домашни физички лица и 1.754 домашни правни лица, што е забележително намалување во однос на 2012 година, кога како инвеститори биле регистрирани 95.296 домашни физички лица и 2.424 домашни правни лица.

Во изминатава деценија има континуирано намалување и на бројот на странски инвеститори (физички и правни лица). Имено, лани како инвеститори се евидентирани само 913 странски физички лица и 148 странски правни лица, што е намалување во однос на 2012 година, кога меѓу инвеститорите имало 1.373 странски физички лица и 216 странски правни лица.

Неинформираност, мала понуда и ниска ликвидност

„Блумберг Адрија“ во повеќе наврати пишуваше дека малата понуда на акции и ниската ликвидност се главните проблеми што спречуваат понатамошен развој на берзата. Голем број македонски претприемачи не се доволно информирани за поволностите што можат да ги добијат со трансформација на компаниите во акционерски друштва, собирање капитал преку иницијална понуда на акции или од котација на берзата. Малкутемина што горе-долу имаат познавање од пазарот на капитал избегнуваат излегување на берзата главно поради тоа што сметаат дека на тој начин ќе го загубат монополот во сопственичката структура на своите компании. Тоа го покажа и анкетата за потенцијалот на македонскиот пазар на хартии од вредност што ја спроведе агенцијата „Стратум РиД“ за потребите на Македонската берза. Според резултатите од анкетата, 40 проценти од македонските менаџери воопшто не знаат што се хартии од вредност.

Македонската берза подолг период се обидува преку едукации и подобра информираност да го размрда пазарот на капитал и да ги анимира компаниите да излезат на берзата. Уште еден чекор кон развој на пазарот е отворената намера на Македонската берза за интеграција со некоја поголема берзанска алијанса. Во таа насока, Загрепската берза лани стана најголем поединечен акционер во Македонската берза со 30 отсто учество.

Во рамките на 21. Годишна конференција на Македонската берза, нејзиниот главен извршен директор Иван Штериев објасни дека стратегиската определба за сопственичко поврзување со поголема берза се базира на процената дека не може да има подинамичен развој во локалното опкружување, кое е природно лимитирано со својата големина и низа други објективни фактори.

„Ни треба квантен скок и тоа не може да го направиме сами. Најгорливо ограничување е малата понуда на пазарот. Котираните компании со години се исти, пазарната капитализација на берзата е околу 26 отсто од БДП за разлика од просекот во ЕУ, каде што овој процент е 70 отсто“, вели Штериев.

Ни требаат странски инвеститори

Неодамна пред почетокот на „Деновите на македонскиот пазар на капитал“, Штериев соопшти дека е добро што основен двигател на македонскиот пазар на капитал се македонските инвеститори, но потребни се и инвеститори од странство што ќе донесат раздвижување и нови практики на берзата. 

„Свесни сме дека меѓусебното информирање за двата пазара моравме да го подигнеме на едно повисоко ниво, затоа што ако сакаме да се вратат повеќе странски портфолио-инвеститори, мора тие да се запознаат со нашите продукти, со нашата инфраструктура и да најдат бизнис-интерес и можности за инвестиции на нашиот пазар. Изминатите години имавме неколку добри години, но, сепак, основен двигател на пазарот се македонските инвеститори и во добар дел македонските физички лица. Тоа е добро и посакувано, но не е идеална структура на прометот. Ние би сакале да имаме повеќе инвеститори од странство, тие ќе донесат и нов промет и нови практики“, изјави Штериев. 

Инаку, од берзата во повеќе наврати реагираа и на даночната реформа што предвидува оданочување на капиталните добивки од тргување со акции.

„Периодот реално не е поволен. Состојбите на пазарот се влошени, а вкупниот промет на берзата годинава е намален за околу 40 проценти. Физичките лица што би биле цел на новиот данок креираат повеќе од 60 отсто од годинашниот промет на берзата и овој данок ќе значи удар за кревкиот и плиток пазар. Законските решенија треба да се подобрат. На пример, според сегашната регулатива, за секое купи-продај на берзата веднаш треба да се плати аконтативен данок. Тоа значи дека ако сте поактивен трговец на берзата, настрана што данокот ќе ви го намали приносот, тоа значи дека ќе имате фреквентен административен товар“, изјави Штериев на отворањето на 21. Годишна конференција на берзата.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите