text size
Во првите девет месеци од 2023 година, преку домашни овластени учесници реализиран е промет на странски пазари од 2,1 милијарди денари (34,2 милиони евра), којшто во споредба на истиот период од претходната година кога беше остварен промет од 3,1 милијарди денари (50,9 милиони евра), е понизок за 32,86 проценти, покажуваат податоци од извештајот на Комисијата за хартии од вредност за третиот квартал од годинава.