text size
Инфлацијата, која што ги надмина прогнозите и очекувањата, ги потопи американските берзи, кои забележаа најголем дневен пад во последните две години. Четиридневниот растечки тренд дојде до крајот. Индексот „Dow Jones“ го заврши тргувањето на ниво од 31.104,97 бодови, што е 4 проценти помалку од претходниот ден. Индексот „S&P 500“ загуби 4,3 проценти од вредноста и се спушти на 3.932,69 бодови, додека технолошкиот индекс „Nasdaq“ падна за дури 5,2 проценти, на ниво од 11.633,57 бодови.