text size
Последиците од објавувањето на информациите за инфлацијата и натаму се чувствуваат на американските берзи. По падот во вторникот, предизвикан од стапката на раст на цените која беше повисока од очекуваната, акциите благо закрепнаа во средата, но повторно се спуштија надолу во четвртокот. Се чини дека инвеститорите не гледаат причина зошто ФЕД во скоро време би ја напуштил политиката на зголемувања на каматните стапки.