text size
Развојот на технологијата не само што ги унапредува постојните сектори и пазари туку креира и многу нови можности. Тоа може да се каже особено за финансискиот сектор. Технологијата што напредува со огромна брзина во последните неколку децении целосно ги промени начините на плаќање. Таа отвори толку многу можности, што дури е тешко да се следат сите. Плаќањето со криптовалути е една од таквите опции што се актуелни во последните неколку години, а се чини дека допрва ќе се развиваат и усовршуваат.