text size
500-те најбогати луѓе во светот изгубиле вкупно 1,4 билиони долари оваа година, вклучително и 206 милијарди долари само во понеделникот, според индексот на милијардери на „Блумберг“, во ситуација кога глобалните финансиски пазари потклекнуваат под тежината на повисоките каматни стапки и вознемиреноста од инфлацијата.