text size
Европа се подготвува за следната зима на тежок начин. Зависна од испораките на гас од Русија, се обидува да ги наполни складиштата до ниво од 80 отсто до октомври. Неизвесноста околу тоа дали Северен поток ќе ги испорача потребните количини продолжува иако согласно најавите низ гасоводот во четвртокот повторно почна да тече гас по десетдневниот ремонт. Заради непредвидливоста на следните чекори на Кремљ, цените на гасот растот: во вакви услови Европската комисија излезе со план за штедење кој предвидува во период од август годинава, до март следната година, потрошувачката на енергенти земјите членки да ја намалат за 15 отсто. Според шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ваквото штедење ќе овозоможи безбедно да се помине зимата дури и во случај на целосен прекин на испораките од Русија. Планот на ЕК предвидува и „заштитна мрежа за сите членки“.