Нафтата ja задржа цената по најголемата неделна загуба во последните четири недели, со фокус на состанокот за снабдување на ОПЕК+ в недела и побарувачката во САД на почетокот на летната сезона на возење.
Фјучерсите на брент се одржаа над 82 долара за барел, откако паднаа за 2,2 отсто минатата недела и го достигнаа најниското ниво од почетокот на февруари, додека ВТИ (вест тексас интермедиејт) беше близу 78 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници ќе го одржат својот состанок онлајн, а се очекува да го продолжат намалувањето на производството во втората половина на 2024 година.
Блумберг
„Врз основа на тековните пазарни очекувања дека ОПЕК+ веројатно ќе ги продолжи намалувањата, ризиците од нафтата се нагорни“, рече Гао Џијан, аналитичар во „Кишенг фјучрс“ (Qisheng Futures) со седиште во Шандонг.
Прочитај повеќе

Зошто ОПЕК+ одржува онлајн состаноци?
Групата во јуни ќе ја одреди политиката за снабдување за втората половина од годината
24.05.2024

Кинеските купувања руска нафта се најниски од 2021 година
Рафинериите во Кина веќе се подложени на планирано сезонско одржување во нивните погони.
23.05.2024

Цената на нафтата продолжи да паѓа по послабите изгледи за побарувачка
Цената на нафтата на светскиот пазар падна по податоците што укажуваат на послаба побарувачка и покрај зголемените геополитички тензии.
21.05.2024

Танкер погоден со ракета во Црвеното море
Бродот се наоѓал кај теснецот Баб ел-Мандеб на околу 19 километри од Мока
18.05.2024
Брент е зголемен за околу 7 отсто годинава, поддржан од постојаните геополитички ризици и намалувањето на производството од 2 милиона барели дневно на ОПЕК+. Сепак, фјучерсите опаднаа од средината на април, бидејќи нервозата дека конфликтот на Блискиот Исток ќе се прошири и ќе го наруши протокот на нафта се намали.