Вкупно 72 пациентa од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациентa, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, во универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти, во Клиниката за токсикологија – 10 пациенти, во „Аџибадем Систина“ – 7 пациенти.
Надвор од државата во текот на вчерашниот ден на лекување биле упатени 21 пациент, и тоа во Литванија – 4 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти, Република Србија – 12 пациенти и во Република Бугарија – 1 пациент.
Прочитај повеќе

Кочани, 48 часа потоа: Што знаеме досега?
Македонија сѐ уште е во шок и неверување по загубата на 59 млади животи во пожарот во дискотека во Кочани.
пред 9 часа

Протест во Кочани, гневните граѓани бараат да се појави градоначалникот
Граѓаните пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.
17.03.2025

На платото на УКИМ студенти и професори оддадоа почит за жртвите
Собирот започна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти од кои беше исполнет кампусот на УКИМ.
17.03.2025

Дискотеката во Кочани работела во објект наменет за лесна индустрија
Како што истакна министерот за внатрешни работи, над 22-23 лица се осомничени за целиот настан.
17.03.2025
Министерот за здравство Арбен Таравари вчера информира дека пациентите генерално се во стабилна состојба, освен 20 пациенти, за кои рече дека се во критична состојба, притоа нагласи дека сите пациенти што биле во Кочани и во Штип се сместени во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство.
Министерот испрати апел до сите што присуствувале на трагичниот настан во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или во Штип или, пак, во трите болници во Скопје.