Кардинал Роберт Францис Превост е избран за нов поглавар на Католичката црква на вториот ден од гласањето во Ватикан, како прв државјанин на САД кој ја презема оваа улога.
Превост, кој има 69 години, е роден во Чикаго, но поголемиот дел од својот живот го поминал надвор од САД, главно во Перу и Рим.
Се смета дека има добар потенцијал да биде посредник со Доналд Трамп, но можно е да дојде до судири околу политиките за миграција. Тој го избра името Лав Четиринаесетти (Leo XIV).
Прочитај повеќе

Ќе добие ли Ватикан папа сличен на Трамп?
Римокатоличката црква има 252 кардинали, но само оние под 80 години имаат право да гласаат за новиот папа, а во моментов ги има 135.
28.04.2025

Оскаровецот „Конклава“ опишува како изгледа изборот на нов папа
По смртта на папата, сите очи во светот се вперени кон Ватикан, каде што зад затворените врати на Сикстинската капела ќе се одржи изборот за нов поглавар на Католичката црква.
22.04.2025

Папата Франциск замина во своето вечно почивалиште
Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.
26.04.2025
Новиот папа беше избран за време на конклавата – строго чуван процес при кој 133 кардинали се собираат во Сикстинската капела за да го изберат следниот поглавар на црквата. Откако мнозинството кардинали се изјаснија за Превост, од оџакот на капелата се појави бел чад што значи дека избран е новиот поглавар.
Bloomberg
Според традицијата, Доминик Мамберти, високиот кардинал ѓакон, ќе се појави на балконот на црквата „Свети Петар“ и ќе го објави историскиот момент со зборовите „Habemus Papam“ – „Имаме папа“.