Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да ја поддржи економијата на неговата земја доколку таа се соочи со шпекулативен напад, иако не понуди никакви детали за договорот.
„Потпишав договор со американскиот претседател за финансиски штит“, им рече Орбан на новинарите на враќање од состанокот со Трамп во Белата куќа. Освен што договорот ќе помогне да се заштити унгарската економија од пречки како што се напад врз валутата или намалување на државниот кредитен рејтинг, според Орбан, тоа претставува и начин да се намали зависноста од ЕУ, која суспендираше повеќе од 20 милијарди долари финансирања наменети за Унгарија, наведувајќи ги како причина проблемите со корупцијата и владеењето на правото.
Добро утро, ова се останатите вести кои според дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ се важни за почеток на денот.
Македонија и работа на црно: По сè изгледа државата сама ја стимулира
Македонија доби околу 2,5 милиони евра од Планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија, соопшти неодамна Министерството за економија. Во соопштението беше наведено дека земјава ги надминала поставените цели за зголемување на бројот на инспекции.
Во периодот од јули 2024 до јуни 2025 година Државниот инспекторат за труд спровел 16.464 инспекции и открил 543 нерегистрирани работници, што е зголемување од над 200 отсто во однос на претходните години. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) реализирал 669 инспекции, што е 40 отсто повеќе од целната вредност. Во таа насока, ја анализираме неформалната вработеност и причините што ја поттикнуваат.
Од стартап до цивилизациски пресврт: Како „Тесла“ нè носи во „робосвет“
Билион долари за еден човек. Поголем дел од светската јавност веројатно сѐ уште се обидува да ја „свари“ веста за одлуката на акционерите на „Тесла“ да му одобрат толкав надомест на извршниот директор Илон Маск со оглед на тоа што станува збор за сума која е поголема од бдп на повеќето земји на планетата.
При тоа, некако во втор план падна информацијата дека тој нема да добие ништо доколку не постигне серија пресвртници во делувањето на компанијата вклучувајќи милион „роботаксија“ во комерцијална употреба, испорака на 20 милиони електрични возила и милион роботи со ВИ, како и зголемување на пазарната капитализација на „Тесла“ на наредниот период на 8,5 билиони долари.
Берзански преглед: Темни облаци над технолошкиот сектор
И покрај многуте очекувања, берзата минатата недела не се урна. Но на Волстрит се појавија пукнатини бидејќи надуените процени и обновените сомнежи за реалниот потенцијал за профит на вештачката интелигенција (ВИ) ги турнаа американските технолошки акции во нивната најлоша недела од април.
Технолошките гиганти „Палантир“ (Palantir) и „Оракл“ (Oracle) беа најголемите губитници, со неделен пад од 13,1 и 9,1 отсто, соодветно. Акциите на „Палантир“ паднаа иако компанијата ги надмина очекувањата за продажба на аналитичарите во третиот квартал и ја зголеми својата годишна прогноза за приходи
Од чипови до антимон - како политиките на Трамп ги диктираат трендовите на берзата
Адам Гиденс претходно се потпираше главно на платформите за пребарување акции и шпекулациите на социјалните медиуми за да пронајде акции за купување. Но, во последно време вниманието му го провлече поинаков тип инфлуенсер: Доналд Трамп.
Како што администрацијата на Трамп сè повеќе скршнува од досегашната практика и презема сопственички удели во јавни компании во име на САД, трговците како Гиденс се обидуваат да размислуваат како Трамп за да ги пронајдат своите следни цели. На крајот на краиштата, цените на акциите обично растат по веста дека владата на САД презема удел во некоја компанија.
Од „руски ‘Гугл’“ до една од најбрзо растечките компании за ВИ во Европа
Само една година откако нејзините акции дебитираа на Nasdaq, „Небиус“ (Nebius) скокна за повеќе од 500 проценти, а со партнерство вредно 17,4 милијарди долари со „Мајкрософт“ (Microsoft), стана играч што ги тера гигантите како АВС (AWS) и „Гугл клауд“ (Google Cloud) да се замислат. Со оглед на сè што гледаме на пазарот, големи облози и во исто време краткорочни продавачи кои го гледаат крајот на силниот моментум, клучното прашање е, дали ова е можност да се инвестира во нов играч со потенцијал или претставува ризичен влез во време кога пазарот е исцрпен во својот зенит?