Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во следните денови би можел повторно да одобри напади врз Иран, како дел од притисокот за постигнување договор за завршување на војната, иако претходно рече дека откажал веќе планиран американски напад.
„Се надевам дека нема да мораме да водиме војна, но можеби ќе мора да им зададеме уште еден силен удар“, изјави Трамп пред новинарите во вторникoт. На прашањето колку долго би чекал, одговори: „Два или три дена, можеби петок, сабота, недела. Можеби на почетокот на следната недела - ограничен период“.
Со овие изјави Трамп повторно ја отвори можноста за враќање на активните непријателства со Иран, кој засега одбива да се откаже од преостанатите елементи во однос на својата нуклеарна програма. Претседателот, сепак, повеќепати се закануваше со нови воени акции, а потоа се повлекуваше откако беше постигнато примирје на 8 април.
Прочитај повеќе
НАТО размислува за интервенција во Ормускиот теснец
НАТО размислува за можна интервенција, додека енергетските пазари се тресат, а Трамп притиска за поддршка.
19.05.2026
Трамп ги стопира новите напади врз Иран по апел од земјите од Заливот
Иран и САД разменуваат нови пораки за можен договор, но без напредок, а во меѓувреме војната ги загрозува извозот на нафта, трговските бродови и стабилноста на Блискиот Исток.
19.05.2026
Иран воведе осигурување за пловидба низ Ормускиот Теснец, ќе се плаќа со биткоини
Техеран воведе биткоин-осигурување за бродови во Ормускиот Теснец, обидувајќи се да ги заобиколи американските санкции и доларот.
18.05.2026
САД и Иран далеку од договор за Ормуз, дрон удри во електрана во ОАЕ
САД и Иран и натаму изгледаат далеку од постигнување договор за завршување на војната и повторно отворање на клучниот Ормуски Теснец откако напад со дрон предизвика пожар во нуклеарна централа во ОАЕ
17.05.2026
Конфликтот го затвори Ормускиот теснец - клучна рута за транспорт на нафта и гас - што предизвика нагло зголемување на глобалните цени на енергијата и инфлацијата. Приносите на најдолгорочните американски државни обврзници се искачија на највисоко ниво во речиси две децении, поради загриженост за економското влијание на војната на Блискиот Исток.
И покрај загубите на високи воени лидери и дел од воената опрема по американско-израелските напади, иранскиот режим опстојува и продолжува да го држи под притисок Ормускиот теснец, што доведе до раст на цените на горивата во САД на највисоко ниво во речиси четири години.
Трамп во понеделникот изјави дека го одложил новиот напад планиран за вторник на барање на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Тој претходно повеќепати тврдеше дека политичките одлуки за Иран се менувале по барање на сојузници и посредници, меѓу кои и Пакистан.
Цената на нафтата тип брент во вторникот падна за околу 1 отсто, тргувајќи се над 110 долари за барел по последните изјави на Трамп, иако сè уште е за повеќе од 50 отсто повисока од почетокот на конфликтот. Трговците остануваат претпазливи поради ризик од нова ескалација.
Сè уште има намален обем на испораки преку Ормускиот теснец, а пазарите внимателно следат дали НАТО ќе помогне во обезбедување на пловидбата доколку поморскиот пат не биде повторно отворен до почетокот на јули.
Иако Трамп често влијае врз финансиските пазари со своите изјави за Иран, аналитичарите оценуваат дека тој ефект сега се намалува, бидејќи заканите не секогаш се реализираат.
„Овие вербални интервенции на Трамп порано имаа силно влијание врз цените, но сега сè помалку делуваат, освен ако не се поткрепени со реални потези“, изјави Бјарн Шилдроп од СЕБ (SEB AB). Тој додава дека нема напредок во преговорите меѓу САД и Иран и дека двете страни остануваат на своите позиции.
Кревкоста на примирјето беше потврдена и во неделата, кога нуклеарната електрана „Бараках“ во Обединетите Арапски Емирати беше погодена од дрон, што предизвика пожар и активирање на итни системи.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нормалното снабдување со струја е обновено, со што се намалија безбедносните грижи за најголемата нуклеарна постројка на Блискиот Исток.
Техеран, пак, сигнализираше дека повторно би можел да нападне земји од Заливот доколку САД продолжат со воените акции.