Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите европски сојузници денеска пристигнуваат во Вашингтон, загрижени да дознаат што точно ветил Доналд Трамп на самитот со Владимир Путин, стравувајќи дека ќе ја натераат Украина да прифати непријатни отстапки.
Трамп ќе им биде домаќин на Зеленски и неколку европски лидери за да ги изнесе условите за можен мировен договор што го дискутирал со Путин на петочната средба во Алјаска. Додека се очекува САД да се фокусираат на територијалните отстапки што ги бара Русија, Киев ќе се обиде да обезбеди појасни гаранции за безбедност, брифира извор запознаен со ситуацијата.
Вознемиреност владее меѓу сојузниците, кои имаат малку можности да се спротивстават на барањата на Трамп што Украина веројатно ќе ги одбие, а скептични се и дека Путин навистина сака мир. Дополнителен предизвик е самиот Трамп: тој сака брз мировен договор, но не нуди јасност како би се стигнало до тоа.
Прочитај повеќе

Трамп бара мир по цена на територии, Зеленски соочен со тежок избор
Зеленски во Вашингтон под силен притисок - или да прифати мировен договор со територијални отстапки или да ризикува нов судир со Трамп.
18.08.2025

Европските лидери ќе му се придружат на Зеленски на средбата со Трамп
Европските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговиот важен состанок со америкснкиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи утре во Вашингтон.
17.08.2025

Џејмс Ставридис: 10 начини да го принудите Путин да се врати на преговарачката маса
Нудиме 10 опции што Белата куќа, делувајќи во договор со европските сојузници, би требало сериозно да ги разгледа, а се подредени според степенот на проблеми за Москва:
17.08.2025

„Исклучително продуктивна“ средба меѓу Трамп и Путин, но сè уште нема договор
Американскиот претседател Трамп го нарече својот состанок на Алјаска со рускиот колега Путин продуктивен, но посочи дека патот за завршување на војната сè уште не е финализиран.
16.08.2025

Трамп и Путин во Алјаска - како се обликуваше нивната необична врска?
Претседателите на САД и Русија се среќаваат за првпат по седум години, а односот што го изградиле со текот на годините е невообичаено интимен.
15.08.2025

Алјаска како тврдина: Тајната служба во полна готовност за средбата Трамп–Путин
Енкориџ е под силни безбедносни мерки за историската средба Трамп–Путин, со стотици агенти, затворени улици и воената база како централно место на самитот.
15.08.2025
Трамп во телефонски разговор викендов им порача на лидерите дека е отворен за американско вклучување во гаранциите за безбедноста на Украина, велат лица упатени во прашањето. Сите побарале да останат анонимни бидејќи станува збор за приватни консултации.
Тој им рекол и дека сака брз договор и дека ќе ја поттикне Украина да се согласи, со цел во рок од една недела да се одржи средба меѓу Путин и Зеленски. Таквиот распоред многумина во Европа го сметаат за премногу агресивен, со оглед на големиот број нерешени прашања.
Истите извори велат дека Трамп открил делови од разговорите со Путин во повици со сојузнички лидери, иако без многу детали. Високи европски дипломати приватно изразиле фрустрација од исходот, посочувајќи дека Путин изгледа како најголемиот добитник од самитот.
„Зеленски може речиси веднаш да ја заврши војната со Русија, ако сака, или може да продолжи да се бори“, напиша Трамп на Трут соушл (Truth Social). Тој сугерираше дека полуостровот Крим нема да биде вратен и дека на Украина нема да ѝ биде дозволено да се приклучи на НАТО, без дополнителни детали.
Лидерите исто така ја имаа предвид и околноста дека тимот на самиот Трамп се обидуваше да ги намали очекувањата за брзо решение.
„Сè уште сме далеку од постигнување мировен договор. Не сме ни блиску до него. Но, сепак, сметам дека е постигнат напредок“, изјави за „Фокс њуз“ (Fox News) државниот секретар Марко Рубио, кој учествуваше на самитот.
За време на викендот Трамп играше голф и избегна да открие дополнителни детали за својата средба со рускиот претседател. Во објави на Трут соушл тој порача дека медиумите „ја извртуваат ВИСТИНАТА кога станува збор за мене“.
„НЕМА нешто што можам да кажам или направам, а тие да пишуваат или известуваат чесно за мене“, напиша тој. „Имав одлична средба во Алјаска за Бајденовата глупава војна, војна што никогаш не требаше да се случи!!!“
Во серија телевизиски интервјуа Рубио кажа дека понеделничката средба ќе се фокусира на безбедносните гаранции за Украина, вклучувајќи и што би придонеле САД. Тој додаде дека САД немаат многу што да изгубат доколку разговорите пропаднат - и дека продолжувањето на војната би имало мало влијание врз секојдневниот живот на Американците, оставајќи впечаток дека Трамп би можел целосно да се дистанцира од конфликтот.
Ситуацијата e исклучителнo тешка. Русија продолжува со бавни, но стабилни напредувања во источна Украина, а Европа може да се соочи со тешкотии да го надомести јазот во оружје и муниција откако Трамп ја намали американската поддршка.
Путин бара Украина да отстапи пет региони
Во разговорите Трамп исто така рекол дека Путин бара Украина да отстапи контрола врз целиот источен регион Донбас, областите Донецк и Луганск, со што се обновуваат претходните барања, објави претходно „Блумберг“ (Bloomberg). Тоа би ѝ донело победа на Русија, која не успеа да ја постигне воено од почетокот на борбите во 2014 година, и тоа во област каде што Украина има силно утврдени одбранбени позиции.
Русија сака да ги зацврсти територијалните придобивки пред разговорите во Алјаска со Трамп
Institute for the Study of War and AEI’s Critical Threats Project
Русија исто така би запрела со проширување на своите претензии врз деловите од украинските региони Запорожје и Херсон, кои моментално не ги контролира, со што ефективно би се замрзнале фронтовите на сегашните позиции. Кремљ исто така би можел потенцијално да повлече трупи од делови на североисточна Украина близу руската граница, каде што неговите сили контролираат само мали делови од територијата.
Тоа значи дека размената на територии што Трамп ја навестува како дел од евентуален договор би била нерамноправна во корист на Путин – тој би добил контрола врз нови области, надвор од оние што досега ги зазел, а Украина би отстапила само мали делови што и онака ѝ припаѓаат.
„Ако денес покажеме слабост пред Русија, ги подготвуваме конфликтите на иднината – и тие ќе влијаат врз Украинците“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе биде меѓу лидерите што ќе му се придружат на Зеленски во Вашингтон.
„И да не се залажуваме, тие може да имаат последици и врз нас, во време кога нашата земја редовно се соочува со кибер-напади“.
Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, кој исто така присуствуваше на самитот во петокот, изјави за „Стејт оф д јунион“ (State of the Union) на Си-ен-ен (CNN) дека „постигнавме договор според кој САД и други држави би можеле ефикасно да ѝ понудат на Украина формулација слична на членот 5“.
Станува збор за клаузулата за заемна одбрана на НАТО (NATO), која ги обврзува земјите членки да реагираат доколку некоја од нив биде нападната. Италијанската премиерка Џорџа Мелони во март изнесе сличен предлог, иако Виткоф не прецизира каква безбедносна гаранција би ѝ се понудила на Украина. САД веќе исклучија членство на Украина во НАТО.
„Нешто слично на членот 5 би било значајно, но тоа би барало американско учество“, оцени Џон Хербст, поранешен амбасадор на САД во Украина и сега висок директор на Евроазискиот центар на Атлантскиот совет (Atlantic Council).
„Европските трупи, во најмала рака, ќе имаат потреба од американска разузнавачка поддршка и американска логистика“, изјави тој.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...