Велика Британија ги зајакнува капацитетите за противвоздушна одбрана со нов договор за ракетни системи, додека европските воени планери работат на план за постконфликтна Украина, кој би можел да обезбеди нејзиното небо да биде заштитено од западните сојузници.
Со договор вреден 118 милиони фунти (159 милиони долари), британската влада ќе набави шест нови системи „Ленд септор“ (Land Ceptor) од мултинационалниот европски производител на оружје МБДА (MBDA) во наредните три години, соопшти во четвртокот Министерството за одбрана. Системите вклучуваат т.н. модуларни ракети за противвоздушна одбрана, способни да погодат објект со големина на тениско топче што се движи со двојна брзина на звукот, како и ракетни фрлачи и возила за поддршка.
Новиот договор доаѓа во момент кога европските и американските министри за одбрана се среќаваат за да разговараат какви безбедносни гаранции можат да ѝ понудат на Украина ако се постигне мировен договор со руските напаѓачи. Противвоздушната одбрана се смета за клучен елемент во рамките на Коалицијата на подготвените (Coalition of the Willing), група нации предводени од Велика Британија и Франција, подготвени да распоредат трупи и воени системи подалеку од фронтот во Украина во рамките на договор што се очекува да се комбинира со американска поддршка во вид на размена на разузнавачки информации, граничен надзор, оружје и можно обезбедување противвоздушна одбрана.
Прочитај повеќе
„Порше“ и „Дојче телеком“ сакаат да инвестираат во одбранбен фонд од 500 милиони евра
Инвеститорите во ризичен капитал во Европа сè поактивно се насочуваат кон одбранбениот сектор.
14.08.2025
Најбараните нови кредитни зделки во Европа се поврзани со одбраната
Од тивки доставувачи до главни играчи, Европа привлекува рекорден капитал за модернизација на одбраната.
08.08.2025

Поддршката на Трамп отвора пат за европски трупи во Украина
Европа ја гледа поддршката на Трамп како шанса за пакет гаранции и испраќање трупи во Украина, но постојат сомнежи за мировниот договор.
20.08.2025

Патот до мирот води преку Вашингтон: Украина добива нови гаранции
САД и ЕУ кројат безбедносен штит за Украина – со цел да го седнат Путин на маса со Зеленски.
19.08.2025
Иако американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски трупи во Украина, тој за „Фокс њуз“ изјави дека е отворен за разговори околу распоредување американски системи за противвоздушна одбрана што можат да се справат со напредни закани како што се балистички ракети со долг дострел. „Никој нема такви способности какви што имаме ние“, рече Трамп.
Новите ракети за британската армија ќе бидат дел од системот за одбрана „Скај сејбр“ (Sky Sabre) на Велика Британија, кој беше распореден на источниот фронт на НАТО, во југоисточна Полска, од 2022 до 2024 година за да помогне во доставата на воена опрема до Украина и да го осигури безбедното движење на украинските регрути за време на обуката.
Системот се користи за одбрана од различни воздушни закани, вклучувајќи борбени авиони, дронови и крстосувачки ракети, и може да биде распореден каде било во светот. Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека системот може истовремено да насочува 24 ракети за пресретнување на различни цели.
„Удвојувањето на нашата мобилна способност со ’Скај сејбр’ ќе ја зајакне противвоздушната одбрана на Обединетото Кралство, ќе ги заштити нашите сили во странство и ќе ги одврати нашите противници“, изјави министерот за вооружени сили Лук Полард.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...