Претседателот Доналд Трамп ги нападна Обединетите нации, обвинувајќи ја организацијата дека не нуди ништо друго освен „празни зборови“. Тој во својот говор на годишното собрание кое се одржува во Њујорк, кој според репортерите на „Блумберг“ траеше речиси цел час, ја обвини светската организација за финансирање на нелегална миграција и за тоа што не му помогнала во неговите напори да стави крај на војните ширум светот.
„Ставив крај на седум војни, разговарав со лидерите на секоја од тие земји, и не добив ниту еден телефонски повик од Обединетите нации со понуда за помош во финализирањето на договорите“, рече Трамп.
Трамп исто така ја обвини ОН дека „финансира напад врз западните земји и нивните граници“, при тоа наведувајќи ги напорите за обезбедување помош за мигрантите.
Прочитај повеќе

Трамп вели дека има врска меѓу парацетамолот и аутизмот, научниците реагираат
Трамп тврди дека „тиленол“ (парацетамол) предизвикува аутизам кај децата, но научниците го демантираат и предупредуваат на опасностите од таквите неосновани тврдења – прочитајте зошто ова предизвика бурни реакции...
23.09.2025

Скапата виза Х-1Б на Трамп ја скрши надежта за многу идни работници во САД
Новата такса од 100.000 долари за визите Х-1Б создаде хаос кај студентите од странство, компаниите и имигрантите, оставајќи го американскиот сон недостижен за многумина.
22.09.2025

Трамп одново ја опомена Европа, незадоволен е поради набавката на руска нафта
Американскиот претседател бара ЕУ целосно да ги прекине енергетските врски со Русија, за да дојде до пресврт во војната во Украина...
21.09.2025

Крај на слободата на медиумите во САД – кој е следен по Колберт и Кимел
Од „Џими Кимел лајв!“ до „Лејт шоу“, медиумите во САД стануваат цел на притисокот на Трамп, додека социјалните мрежи што ги контролира добиваат поголема слобода.
20.09.2025
„ОН треба да спречува инвазии, не да ги создава и финансира“, рече тој.
„Во САД ја отфрламе идејата дека голем број луѓе од странски земји може да патуваат низ половина свет, да ги газат нашите граници, да го нарушуваат нашиот суверенитет, да предизвикуваат неконтролиран криминал и да го исцрпуваат нашиот социјален систем.“
„Повторно потврдивме дека Америка му припаѓа на американскиот народ, и ги охрабрувам сите земји да застанат во одбрана на своите граѓани“, додаде Трамп.
Наместо да се фокусира на глобална соработка, претседателот го искористи говорот за да ги истакне своите постигнувања во намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите. Тој рече дека миграцијата ги уништува другите земји, дека САД се „најжешката земја во светот“, и повторно го изнесе својата тврдење дека решил седум конфликти ширум светот.
„Која е целта на Обединетите нации?“ праша Трамп.
„Барем засега, сè што прават е да напишат писмо со остар тон и никогаш не го следат тоа писмо. Тоа се празни зборови, а празни зборови не решаваат војна. Единственото нешто што решава војни е акција.“
Агресивниот настап на Трамп ги вознемири другите членки на ОН, особено поради неговото отсуство на почит кон организацијата. Тој ги повлече САД од тела како УНЕСКО и Советот за човекови права, а како и во неговиот прв мандат, се откажа од Светската здравствена организација. Тој исто така отфрли многу од вредностите на ОН, како што се борбата против климатските промени и заштитата на азилантите.
Според ОН, САД речиси целосно престанаа да ги плаќаат своите обврски кон организацијата откако Трамп ја презеде функцијата во јануари, и сè уште имаат заостанати долгови од 2024 година. Дополнително, тој воведе многу построга визна политика, со што му забрани на претседателот на Палестинската власт, Махмуд Абас, да присуствува на оваа недела на Генералното собрание, и воведе нови ограничувања за иранските дипломати.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...