Додека Украина и нејзините сојузници се обидуваа да го апсорбираат изненадувањето од новиот, пооптимистички став на Доналд Трамп за изгледите на Киев во војната против Русија, се појавија знаци на добро познатиот потег на американскиот претседател – зголемување на притисокот врз Европа, наместо врз Русија.
Објавата на Трамп на социјалните мрежи во вторникот ги поништи неговите претходни тврдења дека Украина „нема никакви адути во ракавот“ во оваа борба. Но, тој не претстави никакви нови американски чекори за поддршка на Киев, оставајќи ја таа обврска на европските сојузници. Во објавата не беше спомнато ниту заострување на санкциите кон Русија. Украинските и европските претставници јавно ја поздравија оваа промена во реториката на Трамп, што следуваше по средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Приватно, тие беа многу повнимателни, претчувствувајќи дека Трамп ја префрла одговорноста за завршување на војната врз нив. Иако изгледаше како да презентира минимум американска поддршка – смирувајќи ги сојузниците дека нема да ја прекине виталната воена помош – претставниците предупредуваа дека неговото „ново видување на работите“ може повторно да се промени. Тврдењето на Трамп дека Украина, со поддршка од Европа, би можела да поврати 20 проценти од територијата изгубена во војната со Русија, е во спротивност со повеќето разузнавачки процени на сојузниците, кои веруваат дека застојот во крвавите борби е максимумот што двете страни во моментов можат да го постигнат. Кремљ драстично ги засили нападите во изминатите шест недели, откако Трамп беше домаќин на Владимир Путин на Алјаска за разговори за мировен договор, иако напредокот на терен беше ограничен.
Прочитај повеќе

Недоразбирања меѓу сојузниците на НАТО околу тоа како да одговорат на заканите од Русија
Сојузниците во НАТО се мачат да усогласат заеднички одговор на руските прекршувања на воздушниот простор, при што партнерите во одбранбениот сојуз отворено си противречат еден на друг.
24.09.2025

Трамп: НАТО треба да ги собори руските авиони што го нарушуваат воздушниот простор
Трамп порача дека НАТО мора да реагира со сила и да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор, најавувајќи и нови царини кон Москва.
24.09.2025

НАТО најавува цврст одговор на руските упади во воздушниот простор
Северноатлантската алијанса (НАТО) вети „цврст“ одговор на руските упади во нејзиниот воздушен простор и изјави дека ќе ги искористи сите опции, вклучително и воени, за да се одбрани.
23.09.2025

Во што вложува македонската одбрана - хеликоптери, беспилотни летала
Буџетот за одбрана од 2020 година е зголемен за над 190 милиони евра.
16.09.2025

Руските воени вежби ја зголемуваат вознемиреноста на НАТО по упадот со дронови во Полска
Русија и Белорусија се подготвуваат за воената вежба „Запад“, паралелно, НАТО одржува вежби во Европа
12.09.2025

Радмила Шекеринска за „Блумберг Адрија“: Поголемите одбранбени расходи се неопходни
На граѓаните на земјите членки на НАТО мора да им обезбедиме иста безбедност како и досега, но за тоа треба да вложуваме повеќе во одбрана, уверена е заменичката генерален секретар на НАТО, Македонката Радмила Шекеринска.
07.09.2025

На Европа очајно ѝ е потребна воената помош од САД
На Европа би ѝ биле потребни 1 трилион долари за да ги замени конвенционалните воени капацитети што САД ги имаат распоредено во регионот
06.09.2025
Сугерирајќи дека Русија може да биде силна само „на хартија“, на работ на економска криза, Трамп „само се обидуваше да му влезе под кожа на Путин“, изјави Курт Волкер, некогашен специјален пратеник за преговори со Украина за време на првиот мандат на Трамп. „Но тоа не сугерира дека ќе преземе нешто.“
Руската економија сè повеќе го чувствува товарот од воените напори. Владата во средата предупреди дека планира да ги зголеми даноците за да ги покрие трошоците, а украинските напади врз енергетската и друга инфраструктура навлегуваат длабоко зад фронтот.
Откако во јануари се врати во Белата куќа, Трамп повремено се закануваше со сеопфатни нови санкции за кои тврдеше дека би ја натерале Русија на преговори. Но, во пракса, ретко ги спроведуваше тие закани, повеќепати давајќи му дополнително време на Путин дури и додека рускиот лидер ги засилуваше нападите врз Украина.
Американските претставници ги уверуваа сојузниците оваа недела дека администрацијата ја сфаќа потребата од нов пристап, за да се промени начинот на размислување на Путин, со оглед на ескалацијата од страна на Русија по самитот на Алјаска, вклучувајќи ги и неодамнешните упади во воздушниот простор на НАТО. За сојузниците, промената на тонот на Трамп во врска со шансите на Украина за победа беше добредојдена промена во споредба со неговите минатомесечни барања Киев да отстапи територија за да добие мировен договор.
„Го гледате разочарувањето и фрустрацијата на претседателот, искрено кажано, во Путин“, изјави американскиот амбасадор при ОН Мајк Волц за „Фокс Њуз“ во средата. „На инсистирање на претседателот, гледате дека Европа сè повеќе ја презема одговорноста.“ Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп јасно ставил до знаење дека ова не е американска војна и дека Европејците мора сами да ја преземат водечката улога во сопствената одбрана.
Додека сојузниците повикуваат на посилен притисок врз Русија, Трамп ги зголеми барањата кон Европа да ги намали купувањата на руската нафта и гас, кои веќе драстично паднаа од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. ЕУ вети дека ќе ги забрза чекорите кон гаснење на преостанатите текови на нафта и течен гас, со надеж дека тоа ќе биде доволно за да го смири Трамп.
Неговите барања да се воведат царини и до 100 проценти како казна за земјите што по инвазијата го зголемија купувањето на руски енергенси – Кина и Индија – претставуваат многу потежок предизвик за сојузниците. ЕУ обично не воведува толку сеопфатни секундарни санкции, а блокот во голема мера зависи од трговијата со Кина.
Трамп ги повтори тие услови во својот говор во Генералното собрание на ОН во вторникот, велејќи дека на Европа ѝ припаѓа да преземе „исти мерки“ со какви што тој се заканува.
„Делумно тоа е стратегија за да се сврти вниманието и да се префрли топката на Европејците“, изјави Лијана Фикс, висок соработник за Европа во Советот за надворешни односи.
А додека Трамп воведе високи царини на Индија поради купување руска нафта среде трговски преговори, со Кина води преговори и годинава се откажа од поголеми зголемувања на давачките. Постои и поитен чекор што САД би можеле да го преземат ако навистина сакаат да ги намалат руските приходи од енергија. Најголемите „престапници“ во ЕУ, чии лидери имаат и најблиски врски со администрацијата на Трамп – Унгарија и Словачка – засега не се соочени со никаков конкретен американски притисок, освен повици да останат во рамките на санкциите наметнати од ЕУ кон Москва, наведуваат упатените.
Трамп во вторникот им изјави на новинарите дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „му е пријател“, додавајќи: „Не сум разговарал со него, но имам чувство дека, ако го направам тоа, можеби би се откажал од купувањето руска енергија и мислам дека ќе го сторам тоа.“
САД, исто така, би можеле побрзо да ја погодат руската воена машинерија со намалување на горната цена на руската нафта на нивото на ЕУ од 47,60 долари за барел, рекоа сојузнички претставници. Путин заклучи дека воената ескалација е најдобриот начин да ја натера Украина на преговори под негови услови и дека Трамп веројатно нема многу да стори за да ја зајакне одбраната на Киев, пренесе „Блумберг“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.
Со Путин, Трамп „сè уште сака да постигне договор и потоа од тој договор да заработи пари“, што новите санкции би можеле да го искомплицираат, рече Волкер.
„Значи, наместо да гледа што можат да направат САД, тој ја префрла вината врз Европа. Сето тоа може повторно да се смени утре. Може да му се јави на Путин и да каже: Имавме одличен разговор“, додаде тој.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...