Унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, цврсто одбивајќи да се откаже од купувањето руска енергија.
„Како земја без излез на море, откажувањето од цевководниот руски нафтен и гасен увоз би ја уништило економијата на Унгарија“, изјави Орбан за државното радио утринава, по телефонскиот разговор со Доналд Трамп.
Двајцата лидери имаа телефонски разговор откако Трамп, на брифинг со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја спомена можноста да побара од Орбан да го намали купувањето руска сурова нафта.
Прочитај повеќе

Трамп: Путин ме изневери, сојузниците мора да престанат да купуваат нафта
Трамп изрази разочараност од Путин и порача дека ќе има нов притисок врз Москва, но само ако Европа се откаже од трговијата со руската нафта.
19.09.2025

ЕУ го одложува предлогот за нови санкции против Русија за да се усогласи со Г7
ЕУ ќе го одложи официјалното поднесување на својот нов пакет санкции против Русија откако американскиот претседател побара построги европски мерки како услов САД да продолжат со сопствените казни.
16.09.2025

Трамп поддржува нови санкции, ама кога НАТО ќе престане да купува руска нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе „големи“ санкции врз руската нафта доколку земјите од НАТО го сторат истото.
14.09.2025

Макрон: Увозот на руска енергија во Европа е „маргинален“ проблем
Макрон тврди дека увозот на руска енергија во ЕУ е маргинален, но Трамп бара целосен прекин, а Унијата подготвува нови забрани и дискусии за санкции.
22.09.2025

ЕУ планира побрзо да го укине увозот на рускиот течен природен гас по притисокот од САД
Администрацијата на Трамп ја повика Европа да го забрза намалувањето на увозот на руско гориво
19.09.2025

Германија нема брзо да се откаже од јагленот
Јагленот ќе остане дел од германската енергетика, барем додека не се обезбедат доволно гас и водород, порача Мерц, нагласувајќи ја сигурноста на снабдувањето.
11.09.2025
„Унгарската влада ќе ги следи сопствените интереси во набавките на енергија и нема потреба да ги прифаќа насоките на американската администрација“, рече Орбан за државните медиуми. Според него, прекинот на снабдувањето преку цевководи веднаш би предизвикал пад на економското производство на Унгарија од 4 отсто.
„Нема потреба да ги прифаќаме аргументите еден со друг“, изјави Орбан за разговорот со Трамп неделаа. „Треба само јасно да зборуваме за нашите интереси и да се слушаме како пријатели, а потоа секој нека постапи како што сака.“
Унгарија, членка на Европската Унија и на НАТО, одамна оди по тенка линија меѓу лојалноста на Орбан кон Трамп и блиските контакти што премиерот ги одржува со Русија уште од целосната инвазија врз Украина во 2022 година.
Изјавите дадени денеска се меѓу најјасните досега дека Орбан ќе продолжи да се потпира на економските врски со Русија дури и по цена на можен судир со американскиот лидер.
Трамп исто така ја повика Турција да го намали увозот на енергија од Русија на средбата со претседателот Реџеп Таип Ердоган во четвртокот.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...