Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „навистина го разочарал“, но нагласи дека сојузниците мора да престанат да купуваат нафта од Русија доколку сакаат САД дополнително да интервенираат и да извршат притисок врз Кремљ за да ја заврши војната во Украина.
„Многу едноставно, ако цената на нафтата падне, Путин ќе се повлече“, изјави Трамп во четвртокот по средбата со британскиот премиер Кир Стармер. „Нема да има избор. Ќе мора да се повлече од таа војна.“
Иако Трамп рече дека би бил подготвен да разгледа и други мерки за да го казни Путин, посочи дека тие чекори би зависеле од тоа дали сојузниците ќе ги прекинат набавките на руска енергија.
Прочитај повеќе

Нафтата го продолжи ценовниот пад и по намалувањето на каматите од Фед
Продолжи падот на цената на нафтата бидејќи трговците ги оценуваат намалувањето на каматната стапка од страна на Фед и зголемувањето на резервите од гориво во САД.
18.09.2025

ЕУ го одложува предлогот за нови санкции против Русија за да се усогласи со Г7
ЕУ ќе го одложи официјалното поднесување на својот нов пакет санкции против Русија откако американскиот претседател побара построги европски мерки како услов САД да продолжат со сопствените казни.
16.09.2025

Руските нафтени гиганти пријавија пад на приходите
„Роснефт“ и другите руски нафтени компании бележат остар пад на профитот, погодени од ниските цени на нафтата, санкциите и посилната рубља.
01.09.2025

Пад на цената на нафтата додека трговците ги проценуваат ризиците за снабдувањето
Цената на нафтата падна по четиридневен раст, додека инвеститорите ги мерат ризиците од снабдувањето, од царините за Индија и од политичките потреси во Фед.
26.08.2025

Понудата ќе ја прегази побарувачката: Доаѓа ли период на евтина нафта?
Забавениот економски раст ја намалува побарувачката за енергенти.
21.08.2025
„Подготвен сум да направам и други работи, но не кога луѓето за кои се борам купуваат нафта од Русија“, изјави Трамп.
Bloomberg
Европската Унија разгледува начини побрзо да ги укине увозите на руски течен природен гас. Исто така постојат планови за можен состанок меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк следната недела.
Еден предлог од САД предвидува секундарни царини од дури 100 отсто на стоки од Кина и Индија, како и други трговски ограничувања со цел да се намали протокот на руска енергија и да се спречи трансферот на технологии со двојна намена во Русија.
Но агресивни чекори, вклучувајќи и запирање на набавките на енергенти, веројатно нема да бидат прифатени од некои земји што имаат можност да ги блокираат заедничките одлуки на Европската Унија. Тоа ги остави разговорите во ќор-сокак и отвори прашања дали Трамп, кој долго време уживаше пријателски однос со Путин, е навистина посветен на кампањата за притисок.
Стармер исто така сугерираше дека некои европски држави не направиле доволно за да се ослободат од зависноста од руските енергетски ресурси.
„Мислам дека тоа е предизвик за Европа“, изјави тој. „Постојат одреден број европски земји што се премногу зависни од Русија.“
Трамп, при враќањето кон Вашингтон, во претседателскиот авион „ер форс уан“ им изјавил на новинарите дека Обединетото Кралство „не е меѓу виновниците“ за купување нафта, додавајќи дека британскиот премиер се согласил дека сојузниците треба да ја прекинат трговијата со руска нафта.
Трамп им посочил на новинарите дека му укажал на Стармер дека има европски држави и членки на НАТО што сè уште купуваат руска нафта.
„Тој рече: ‘Тоа не е добро’“, изјави Трамп, додавајќи: „Ја ценам таа негова изјава.“
Директните набавки на руска нафта од повеќето европски држави се запрени откако започна инвазијата на Москва во 2022 година, но мало количество и понатаму се доставува до копнените држави во Источна Европа, вклучувајќи ја и Унгарија.
Ситуацијата е посложена кога станува збор за рафинираните горива како дизелот. Европа, која мора да увезува за да ги покрие своите потреби, купува големи количества гориво од Индија и Турција – земји што купуваат сурова нафта од Русија, ја преработуваат и потоа ја продаваат во странство за профит. Овие набавки засега се дозволени, но ќе бидат забранети од почетокот на следната година. Сепак, сè уште не е јасно како точно ќе функционира таа забрана.
Трговците со нафта со недели се на работ на неизвесноста поради можниот ризик за руските испораки – како резултат на напорите на САД да ја завршат војната, но и поради нападите со украински дронови врз руските енергетски постројки.
Сепак, досега немаше толку големи нарушувања во снабдувањето што би ја поместиле цената на суровата нафта надвор од рамките од 65 до 70 долари за барел, во кои се движи уште од почетокот на август. Во меѓувреме, Индија и натаму продолжува да купува руска нафта.
Bloomberg
Трамп инсистираше дека е решен да го заврши конфликтот и повеќепати ја изрази својата фрустрација со Путин, иако нагласи дека војната веројатно нема директно да ја засегне Америка.
„Тој ме разочара. Убива многу луѓе, а притоа губи повеќе луѓе отколку што убива“, рече Трамп.
Стармер изјави дека нивните разговори се однесувале на тоа „како да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети за дополнително да ја поддржиме Украина и одлучно да го зголемиме притисокот врз Путин за да прифати мировен договор што ќе биде траен“.
„Во последниве денови Путин го покажа своето вистинско лице, изведувајќи најголем напад од почетокот на инвазијата – со ново крвопролевање, уште повеќе невини жртви и невидени повреди на воздушниот простор на НАТО“, рече Стармер. „Тоа не се постапки на човек што сака мир.“
Британскиот премиер нагласи дека е важно Трамп да интервенира, бидејќи само под негов притисок Путин „покажал каква било подготвеност за поместување“.
Иако Трамп најголем дел од времето ја изразуваше својата фрустрација кон сојузниците, во еден момент сепак најави дека може да има „некои добри вести за вас во врска со ситуацијата со Русија“.
Bloomberg
Трамп беше повикан да го засили притисокот врз Путин по нивната средба во август во Алјаска. Тој силно поттикнуваше и последователен самит меѓу Путин и Зеленски, но такво нешто засега не се наѕира, бидејќи обновените напори за брзо посредување за прекин на огнот или мировен договор пропаднаа.
Во исто време, земјите од Групата 7 работат на нов пакет санкции.
На прашање во авионот „ер форс уан“, на враќањето кон Вашингтон, дали е време повторно да го замоли Путин за прекин на огнот, Трамп изјави: „Не ми се чини така.“
„Но, во одреден момент, ако морам да го направам тоа, ќе биде остро“, додаде тој.
Понатамошни чекори за ограничување на продажбата на руска нафта би можеле да го остават Кремљ без приходите што ја финансираат војната во Украина, но и да ги стегнат глобалните резерви од енергенти. Во меѓувреме, удвојувањето на царините кон Индија ги заостри односите меѓу Вашингтон и Њу Делхи.
Во четвртокот Трамп рече дека е фрустриран од тоа што другите не се подготвени да преземат агресивни чекори, во момент кога тој веќе презел мерки против Индија, земја што, според неговите зборови, му е особено блиска.
Зеленски предложи дека засилена кампања на економски притисок – вклучувајќи и американски санкции – би можела да го натера Путин да седне на преговарачка маса. Во интервју за „Скај њуз“ неделава тој рече дека Трамп има доволно моќ за да му внесе страв на Путин.
Европските санкции се веќе воведени, додаде Зеленски, нагласувајќи: „Сè што недостига сега е силен пакет санкции од САД. Треба да се направи повеќе, и тоа побрзо.“
Украина постојано беше во фокусот за време на посетата на Трамп на Обединетото Кралство, а кралот Чарлс Трети во средата повика на обединета решителност за поддршка на Украина, спротивставување на тиранијата и „одвраќање на агресијата“.
Трамп изгледа сè понезадоволно од Путин од самитот со рускиот лидер на 15 август наваму и често ја опишува војната во Украина како најтешкиот меѓународен спор со кој се обидел да се справи. На почетокот тој тврдеше дека конфликтот може да биде завршен уште на неговиот прв ден по враќањето во Белата куќа.
Наместо тоа, Русија ги засили ракетните и дрон-нападите врз Украина, нанесувајќи масовни и смртоносни удари врз Киев во спротивност со повиците на Трамп за мир. Откако руски дронови влегоа во Полска во текот на месецов, земјата членка на НАТО побара дополнителни системи за противвоздушна одбрана за заштита од идни напади.
Изминатиот месец украинските вооружени сили ги засилија нападите со дронови врз руските енергетски постројки, вклучувајќи и напад врз нафтена рафинерија во регионот на Волга, што се толкува како обид да се ограничат испораките на гориво кон фронтот. Во четвртокот беа нападнати уште две рафинерии.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...