Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка утрово, само еден ден откако претседателот Емануел Макрон го претстави новиот владин состав, кој беше остро критикуван.
Француските државни обврзници забележаа пад, додека инвеститорите се подготвуваа за нов бран политичка неизвесност. Приносот на десетгодишните обврзници се зголеми за девет базични поени – на 3,6 отсто. Со тоа се прошири премиумот за задолжување во однос на германските обврзници, клучен показател за фискалниот ризик, на повеќе од 89 базични поени – највисоко ниво од крајот на 2024 година.
Макрон во неделата именуваше речиси непроменет кабинет, што веднаш предизвика силна реакција и од опозициските партии и од дел од неговите поддржувачи.
Прочитај повеќе

Лагард: Претседателството на Франција е „ужасна работа“ – не е за мене
Кристин Лагард јавно ги отфрли шпекулациите дека по заминувањето од Европската централна банка ќе се кандидира за претседател на Франција, велејќи дека тоа е „ужасна работа“.
06.10.2025

Владата на Макрон со старите министри повторно ризикува политички колапс
Одлуката на Макрон да го задржи речиси истиот владин состав како претходниот предизвика силни реакции од опозицијата. На Франција ѝ се заканува нова политичка криза и по изборот на Лекорну.
06.10.2025

Инфлацијата во Франција забрзува, но е далеку од нивото на ЕЦБ
Инфлацијата во Франција порасна на 1,1 отсто во септември поради услугите и енергентите, но останува ниска, во сенка на политичката криза и јавниот долг.
30.09.2025

Франција ги таргетира богатите за излез од политичката криза
Франција влегува во жестока дебата за воведување данок на богатство, премиерот Лекорну се соочува со притисоци и од јавноста за да најде решение за најголемиот дефицит во еврозоната.
30.09.2025
Лидерот на француската Социјалистичка партија, Оливие Фор, чија партија има потенцијално клучно гласачко место во парламентот, изјави дека групата на Макрон се распаѓа и дека новата влада ја изгубила секоја легитимност. „Сведоци сме на невидена политичка криза“, изјави тој непосредно пред Лекорну да ја објави својата оставка.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...