Лидерите на Европската Унија се согласија да ѝ позајмат на Украина 90 милијарди евра за следните две години, во обид да ја зајакнат позицијата на Киев на преговарачката маса и да ја одржат земјата, која е разурната од војната.
ЕУ ќе го финансира заемот преку заеднички долг собран на пазарите на капитал и поддржан од буџетот на блокот, што е значајна промена во однос на претпочитаниот план за користење на руските средства што се замрзнати на европско тло.
Одлуката е донесена рано утрово, по маратонските разговори на самитот во Брисел. Украина нема да треба да го врати заемот сè додека Москва не му ја компензира на Киев обновата на државата, а во меѓувреме руските средства ќе останат замрзнати во ЕУ.
Прочитај повеќе
Русија ќе плаќа за својата војна против Украина уште долго откако ќе заврши
Москва нема друг избор освен да ја зголеми продажбата на обврзници откако повеќе од половина од резервите за црни денови беа исцрпени, а буџетскиот дефицит се прошири.
18.12.2025
Продолжуваат преговорите на Украина и САД за мировниот план со фокус на безбедноста
Се очекува десетина европски лидери да присуствуваат на денешниот самит, заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен.
15.12.2025
Европа стравува од „тројански коњ“ во американскиот план за Донбас
Европските претставници сметаат дека решението за демилитаризирана зона би можело да отвори пат за нова инвазија и длабоки безбедносни ризици...
14.12.2025
Русија поднесе тужба против „Еуроклир“
Руската централна банка соопшти дека почнува правна постапка во Москва против депозитарот „Еуроклир“ (Euroclear) поради замрзнатите државни средства и се закани на Европската унија со глобална одмаздничка кампања за да ги врати стотиците милијарди евра доколку блокот направи каква било употреба на фондовите.
12.12.2025
Мерц лобира Белгија да го поддржи планот на ЕУ за голем кредит за Украина
Белгискиот премиер Барт де Вевер се спротивставува на идејата, тврдејќи дека Белгија би можела да биде одговорна доколку Русија поднесе тужба како одговор на таквиот потег.
06.12.2025
Белгија го отфрла предлогот на ЕУ за користење руски средства за помош на Украина
Белгија го отфрли законскиот предлог на Европската Унија (ЕУ) за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на заем за Украина.
03.12.2025
„Ние го исполнивме тоа што се обврзавме да го сториме за Украина“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по самитот. „Отсуството на оваа одлука ќе беше катастрофа.“
Лидерите на ЕУ беа под силен притисок да се согласат на огромниот заем откако поминаа месеци во разговори и не успеаја да најдат излез од ќор-сокакот околу спорниот план.
Фридрих Мерц
Bloomberg
САД во голема мера ја прекинаа својата финансиска поддршка, а средствата на Киев ќе се исцрпат до април. Вашингтон, пак, се потпира на Украина да направи отстапки во мировните преговори, оставајќи ги европските претставници исплашени дека целиот континент би можел да биде доведен во опасност.
Во последните неколку месеци повеќето лидери на ЕУ рекоа дека нивната најдобра опција за финансирање на Украина е да ги користат 210-те милијарди евра на руската централна банка што се замрзнати на територијата на ЕУ. Предлогот на САД тие средства да се користат за повоени инвестиции со Русија само дополнително ја зголеми итноста за Европа за решавање на финансиското прашање.
„Според мене, тоа е навистина единствената опција“, им рече германскиот канцелар Фридрих Мерц на новинарите во четвртокот.
Bloomberg
Многу лидери на ЕУ тврдеа дека користењето на тие средства ќе ѝ помогне на Украина во преговорите со Русија и наедно ќе ја казни Москва. Идејата беше дека парите ќе ѝ бидат вратени на Русија само ако таа ѝ плати репарации на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се придружи на лидерите на самитот во Брисел, рече дека користењето на средствата од Москва е „најсоодветната“ опција за финансирање и на тој начин „Русија ќе разбере дека ќе мора да плати репарации“ за уништувањето на неговата земја.
Володимир Зеленски
Bloomberg
Конечниот договор за заем ќе обезбеди Украина на сличен начин да ги врати парите само ако добие репарации од Русија. Дотогаш средствата на Москва ќе останат замрзнати во Европа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при што ЕУ ја задржува опцијата да ги користи тие средства за враќање на заемот.
„Мислам дека ова е прагматично, добро решение, кое има ист ефект како решението за кое дискутиравме долго време - но очигледно беше премногу комплицирано“, изјави Мерц по самитот.
Белгија, која држи најголем дел од имобилизираните руски средства, водеше повеќемесечна кампања против идејата да се користат средствата на Москва за поддршка на заемот на Украина. Земјата тврдеше дека може да се соочи со одмазда и правни проблеми ако Москва поднесе тужба и ги побара назад своите средства.
Како што се приближуваше самитот во четвртокот, Русија ги засили напорите за поништување на планот за користење на нејзините средства.
Руската централна банка минатата недела поднесе тужба во Москва барајќи 18,2 билиони рубли (229 милијарди долари) од „Евроклир“ (Euroclear), депозитарот со седиште во Белгија што ги чува повеќето од замрзнатите средства. Во четвртокот таа издаде ново предупредување до ЕУ, велејќи дека може да бара надомест во локалните судови од европските заемодавци доколку блокот продолжи да ги користи средствата.
Белгискиот премиер Барт де Вевер го охрабри исходот.
„Дојдовме до решение зад кое можат да застанат сите“, рече тој по самитот. „Избегнавме хаос, избегнавме поделба.“
Конечниот договор прецизираше и дека секое користење на буџетот на ЕУ за гарантирање заем нема да влијае на финансиските обврски на Чешка, Унгарија и Словачка, кои се скептични во однос на оваа понуда за финансирање на Украина.
Иако резултатот веројатно ќе се соочи со критики, тој ја одразува итноста што ја чувствуваа лидерите на ЕУ да обезбедат нови средства за Украина.
„Имаме едноставен избор - или пари денес или крв утре“, изјави полскиот премиер Доналд Туск пред самитот. „И не зборувам само за Украина - зборувам за Европа.“