Дали „Порше“ (Porsche AG) сè уште е луксузен бренд? Прашањето можеби звучи смешно или дури и дрско за некој што копнее по еден од неговите 911 спортски автомобили, чија цена започнува од најмалку 130.000 долари, а за посебни и приспособени верзии се оди многу над таа цена. Но, по последните предупредувања дека ќе има минимален профит во 2025 година и објавеното намалување на среднорочните амбиции кога станува збор за заработка, угледот на „Порше“ (барем во очите на инвеститорите) сега е сериозно доведен во прашање.
Најновото намалување на прогнозата за профитот, четврто во краток период, ги подрива тврдењата на германскиот производител дека има луксузен деловен модел, што има негативни последици и за начинот на кој се проценува неговата вредност на берзата.
„Порше“ остана во прашината зад лидерот во луксузните модели „Ферари“ | Производителот на модели 911 изгуби околу половина од својата вредност откако излезе на берза
Кога ги понуди своите акции во 2022 година, „Порше“ ја нагласи уникатноста на својот пристап „луксуз со обем“, комбинирајќи ја моќта на ценообразувањето, каква што имаат луксузните производители како „Ферари“ (Ferrari), со поголем волумен на продажба, каков што имаат премиум брендовите како БМВ (BMW) и „Мерцедес“ (Mercedes-Benz). Зборот „луксуз“ се појавува околу 300 пати во проспектот за иницијалната јавна понуда на „Порше“, оставајќи им на инвеститорите малку сомнеж во тоа каде менаџментот го гледа својот статус на спектарот на ексклузивност.
Прочитај повеќе

„Порше“ и „Мерцедес“ научија скапа лекција - луксузните електрични возила не се продаваат
Слабата побарувачка за луксузни електрични возила ги принудува „Порше“ и „Мерцедес“ да го одложат производството на нови модели и да се вратат повторно на хибриди и бензинци.
25.09.2025

„Порше“ се откажува од електричните возила и ја намалува прогнозата за добивка
Акциите на „Порше“ потонаа поради слабата побарувачка за ЕВ, ударот од царини и намалената добивка, оставајќи ја германската автоиндустрија целосно разнишана.
22.09.2025

Ќе најде ли „Порше“ спас во автомобилите на „Бугати“ од четири милиони долари?
„Бугати“ минатата година лансираше хибриден хиперавтомобил „Турбилон“, вреден 3,8 милиони евра, со внатрешни инструменти налик на аналогни швајцарски часовници.
05.04.2025

„Порше“ и „Мерцедес“ може да загубат 3,7 милијарди долари поради царините
Царините на Трамп ќе ги погодат извозниците на автомобили и на автоделови.
27.03.2025
Сепак, оттогаш, „Порше“ не се снаоѓа добро. Комбинацијата од падот на продажбата во Кина, побавното прифаќање на електрични возила од очекуваното, американските царини од 15 отсто и слабеењето на доларот ја задуши потенцијалната заработка на германскиот производител.
„Порше“ е евтин во споредба со „Ферари“ | Просечната цена на „Порше“ е околу 110.000 евра; просечниот купувач на „Ферари“ плаќа околу четири пати повеќе
Извори: Porsche, Ferrari
Откако во март ја намалија среднорочната прогноза за профит на 15-17 отсто од 17-19 отсто, инвеститорите сега треба да очекуваат профит од 10-15 отсто во иднина. Поради тоа, „Порше“ беше исфрлен од германскиот референтен индекс DAX, што значи дека во очите на пазарот веќе не се смета за блучип-компанија.
Менаџментот на „Порше“ нагласува дека и понатаму треба да се смета за луксузна компанија, но, како и да е, ќе мора да направи важни промени за да ја врати профитабилноста. Новата среднорочна прогноза вклучува мерки како што се отпуштања, намалување на инвестициите во електрични возила, продолжување на животниот век на моторите со внатрешно согорување, нови бензински теренци и зајакнување на брендот 911 преку повеќе деривати и поголема персонализација.
„Ферари“ продолжува да го надминува „Порше“ кога станува збор за луксуз
Фото: Emilio Parra Doiztua/Bloomberg
Пазарната вредност падна за повеќе од 70 милијарди евра од врвот во 2023 година и моментално изнесува околу 36,8 милијарди евра, додека аналитичарите веќе заклучиле дека ќе биде тешко да се поврати претходната профитабилност.
Важно е да се напомене дека „Порше“, и покрај падот, сè уште го дели извршниот директор со „Фолксваген“ (Volkswagen AG), својот најголем акционер. За некои, тоа покажува дека „Порше“ нема стратегија за длабока реорганизација, која е потребна за да го врати својот луксузен статус.

Во свет со сè поголема кинеска конкуренција и зголемени трговски бариери, можеби постојат основни ограничувања во заработката на „Порше“.
Можеби „Порше“ едноставно не е подготвен да направи длабоки реформи потребни за да го направи својот бренд уште поексклузивен. Без значителен стратешки пресврт, иднината на „Порше“ изгледа помалку блескаво.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...