text size
„Керинг СА“, сопственик на луксузниот бренд „Гучи“, купи 30 отсто од акциите на брендот „Валентино“ за 1,7 милијарда евра (1,9 милијарда долари) во готовина. Договорот со катарскиот фонд „Мејхола“ (Mayhoola) вклучува опција за купување на преостанатите 70 проценти од капиталот на „Валентино“ до 2028 година, соопшти сопственикот на „Гучи“. Овој деловен потег е дел од поширокото стратегиско партнерство, што би значело дека фондот би можел да стане значаен акционер во „Керинг“ и да донесе други предности.