text size
Европската Унија за првпат официјално призна нешто за што безбедносните агенции одамна „шепотеа“ – дека високи функционери на блокот биле систематски таргетирани од страна на државно поддржани хакерски групи преку апликации за пораки како Сигнал (Signal) и Ватсап (WhatsApp). Признанието доаѓа преку интерен, доверлив документ на Европската комисија до кој дојде „Политико“, а подоцна го потврдија и „Евроњуз“ и други медиуми. Ова е прво официјално признание дека претставници на ЕУ биле цел на сајбер-напади преку апликации за пораки, откако неколку национални сајбер-агенции претходно оваа година пријавија тековна кампања поврзана со руски закани.