Дигитализација

ЧетГПТ отсега и како апликација за телефон

Извор: Rachel Metz/Bloomberg

19 мај 2023, 11:58

Корисниците ќе можат да пишуваат или да ги изговорат своите прашања за четботот

Апликацијата за „ајфон“ е пуштена во САД, а компанијата вети и услуга за „андроид“

ЧетГПТ отсега и како апликација за телефон

Depositphotos

Компанијата „Опен еј-ај“ (OpenAI Inc.) за првпат ќе обезбеди пристап до својот ЧетГПТ (ChatGPT), алатка за генеративна вештачка интелигенција (ВИ), преку паметни телефони. Апликацијата за „ајфон“ (iPhone) е пуштена во четвртокот, а компанијата за во иднина вети и услуга за уреди што работат на „андроид“.  

Софтверот, кој е бесплатен, сега е достапен во САД за уреди со iOS преку „Епстор“ (App Store). На платформата корисниците можат да пишуваат прашања и да добиваат одговори од четботот. Апликацијата исто така вклучува и препознавање глас, така што корисниците ќе можат да ги изговорат своите прашања, посочуваат од стартапот со седиште во Пало Алто, Калифорнија, во објава од четвртокот. Сепак, ботот ќе одговора само писмено. Апликацијата исто така синхронизира текстуални разговори на различни уреди.

Корисниците што плаќаат претплата на „Опен еј-ај“ можат да го користат и неговиот најмоќен јазичен модел, ГПТ-4 (GPT-4), преку апликацијата, соопшти компанијата. „Опен еј-ај“ планира да ја понуди својата апликација во повеќе земји во наредните недели и очекува наскоро да воведе верзија на „андроид“.

Од неговото објавување на интернет кон крајот на минатата година, милиони луѓе експериментираа со ЧетГПТ и други ботови како Бард (Bard), создаден од „Гугл“ (Google) на „Алфабет“ (Alphabet). Овој нов бран на четботови се заснова на големи јазични модели (анг. Large Language Models – LLM), на ВИ што располагаат со  огромни количества на податоци од интернет за да можат да предвидат и генерираат човечки одговори на прашањата на корисниците. ЧетГПТ и сличните платформи веќе се користат за многу задачи, од пишување роденденски честитки до кодирање.

Во ироничен развој на настаните, „Епл“ (Apple) ја ограничи внатрешната употреба на ЧетГПТ и другите алатки за вештачка интелигенција токму кога се објавува нова апликација. Компанијата е загрижена дека софтверот би можел да се користи за објавување доверливи податоци, објави „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), цитирајќи документ. Со ова, „Епл“ им се придружува на „Самсунг“ (Samsung Electronics) и други технолошки гиганти во забраната за вработените да ги користат овие алатки.

Објавувањето на апликацијата за iOS значи дека ЧетГПТ ќе им биде на располагање на многу повеќе клиенти отколку што беше случај кога имаше само веб-базирана верзија. Овој потег исто така може директно да го подложи „Опен еј-ај“ на контрола преку рецензиите што корисниците можат да ги објавуваат на „Епстор“.

Сите новости од рубриката Технологија

Шармерска инвазија на Макрон во глобалната трка за вештачка интелигенција
АИ

Шармерска инвазија на Макрон во глобалната трка за вештачка интелигенција

Макрон на Самитот на вештачката интелигенција во Париз ненадејно ги претстави Европската унија и Франција како атрактивна почва за нов пробив во развојот на вештачката интелигенција.

16.02.2025

Автор: Nenad Radičević

Технологија

сите новости од рубриката Технологија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите