text size
Стартапот за вештачка интелигенција „Опен еј-ај“ (OpenAI Inc.) воведува функција за својата апликација ЧетГПТ што му дозволува на четботот да одговара на говорни прашања и команди со свој говор.
Гласовите на ЧетГПТ звучат доста човечки (иако внимателното слушање открива малку роботска монотонија). Од компанијата „Опен еј-ај“ изјавија дека соработувале со гласовни актери за да го изградат моделот на вештачка интелигенција текст во говор, кој е во основата на функцијата.