Интернет компанијата „Јаху“ (Yahoo), поддржана од матичната компанија „Аполо глобал менаџмент“ (Apollo Global Management), изрази намера да го купи веб-пребарувачот „Хром“ (Chrome) доколку федералниот суд му наложи на „Гугл“ (Google) да го продаде - како мерка за ставање крај на нелегалниот монопол, изјави висок извршен директор на компанијата.
Брајан Провост, извршен директор на „Јаху срч“ (Jahoo Search), сведочеше во четвртокот за време на судењето на „Гугл“ во Вашингтон и рече дека неговата компанија проценува дека цената на пребарувачот би можела да достигне десетици милијарди долари.
„'Хром' е веројатно најважниот стратешки играч на интернетот“, рече Провост. „Би можеле да го реализираме тоа купување заедно со 'Аполо'“.
Прочитај повеќе

Гугл е прогласен за монопол - што значи тоа и што следува
За помалку од една година тој двапати беше прогласен за виновен за незаконски монопол
19.04.2025

„Алфабет“ ги надмина очекувањата благодарение на рекламите на „Гугл“
Матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“, пријави приходи и добивка во првиот квартал што ги надминаа очекувањата на аналитичарите.
25.04.2025

Возилата на „Гугл“ се враќаат на македонските улици, се ажурираат мапите
Новите фотографии ќе им помогнат на корисниците да се движат поефикасно
14.04.2025

Рани корисници го напуштаат гугл-пребарувањето за четботови со ВИ
Доаѓа до големи промени во начинот на кој луѓето пребаруваат на интернет.
02.03.2025
Провост сведочеше за време на тринеделното сослушување во случајот што го покрена Министерството за правда против „Алфабет“ (Alphabet), матичната компанија на „Гугл“, за да се утврди начин за разбивање на монополската позиција на компанијата на пазарот за интернет пребарување.
Судијата Амит Мехта минатата година пресуди дека „Гугл“ нелегално го монополизирал пазарот и во моментов разгледува пакет мерки предложени од органите за конкуренција. Министерството за правда и група американски држави тврдат дека „Гугл“ треба да биде принуден да го продаде својот популарен пребарувач „Хром“.
„Јаху“ беше доминантен пребарувач во раните 2000-ти, пред „Гугл“ да го престигне. Компанијата неколку пати смени сопственици во текот на годините, а „Аполо“ ја купи во 2021 година од „Веризон комјуникејшнс“ (Verizon Communications).
Откако „Аполо“ стана сопственик, „Јаху“ покрена иницијатива за „ревитализација“ на својот пребарувач и започна со развој на сопствен интернет прелистувач, кој сè уште е во развој, рече Провост, додавајќи дека компанијата размислувала за купување на пребарувач и изразила интерес за купување на „Хром“ веднаш по објавувањето на предлогот на Министерството за правда.
„'Јаху' веројатно би имал конкуренција. 'Опен еј-ај' (OpenAI) исто така би бил заинтересиран да го купи 'Хром'“, рече шефот на „ЧетГПТ“ (ChatGPT) за време на сослушувањето во вторникот.
„Да, би биле заинтересирани, како и многу други играчи на пазарот“, рече Ник Терли, раководител на „ЧетГПТ“ во „Опен еј-ај“, како одговор на прашањето дали компанијата има намера да го купи пребарувачот на „Гугл“.