Илон Маск, Масајоши Сон и други технолошки лидери се обложија на иднината која вклучува роботи слични на луѓето, но изградбата на оваа технологија е предизвикувачка, скапа и со сомнителна корист, според експерт за роботика и вештачка интелигенција.
„Неверојатно е тешко да се направат вистински убедливи хуманоидни роботи“, рече Кејт Девлин, автор на „Вклучено: наука, секс и роботи“, за нашиот однос со технологијата. „Финансиски е скапо да се изградат и тие навистина не работат толку добро“.
Девлин ги даде забелешките за време на интервјуто за најновата епизода од серијата „Блумберг Ориџиналс еј-ај ИРЛ“.
Прочитај повеќе
Повеќе роботи од луѓе во новото складиште на УПС
Гигантот за ракување со пакети планира да го наполни објектот вреден 79 милиони долари со повеќе од 3.000 роботи.
25.11.2023
Кина сака да создаде напредни хуманоидни роботи до 2025 година
Кина, светскиот број еден производител на електроника, таргетира откритија во чувствителноста на животната средина
03.11.2023
Ништо од роботите за пица, откако собра милиони, стартапот се гаси
Пред пандемијата компанијата собра околу 450 милиони долари за роботи што прават пица.
03.06.2023
Технолошката индустрија одамна појазмува идеи од научната фантастика во размислувањето за нови производи. Роботите кои изгледаат како луѓе се главни во СФ, од Дејта во „Стар Трек“ до Рејчел во „Блејд Ранер“. Но, да се направи вистински хуманоиден робот - а камоли комерцијално остварлив - е невообичаено тешко. Роботски раце и рамните машини со тркала наместо со нозе почесто може да се видат во магацините на „Амазон“ (Amazon.com Inc.).
Сепак, некои бизниси инвестираат во технологијата. Компанијата „Тесла“ на Маск неодамна објави видео на кое се гледа прототипот на хуманоидниот робот како танцува на електронска музика под трепкачки светла. Роботот Атлас направен од „Бостон Дајнамикс“ (Boston Dynamics) на „Хјундаи“ (Hyundai Motor Co.) може да прави салта наназад. И „ГХО“ (GXO Logistics Inc.) тестира хуманоиден модел во складиште во Џорџија.
„Роботите, се разбира, имаат употреба во многу, многу околности“, рече Девлин. „Многу од нив се дизајнирани да се користат за задачи кои се досадни, валкани, опасни. Но, тогаш кога станува збор за социјалната страна на нештата, дали е толку привлечно да се има тело?“
Некои компании се мачеа да најдат пазар за хуманоидни роботи. Во 2014 година, „Софт Банк“ (SoftBank Group Corp.) го претстави „Пепер“ (Pepper), робот способен да изразува човечки говор на телото, да одржува контакт со очите и да се занимава со ограничен разговор, но тој никогаш не успеа. „Софт Банк“ го прекина производството на роботот неколку години подоцна.
Сепак, Дејвид Хансон, основач на „Хансон Роботикс“ со седиште во Хонг Конг, рече дека употребата на човечка форма може да помогне во образованието. Водечката машина на неговата компанија, наречена Софија, е изложена со години на конференции и настани ширум светот.
„Роботите се истражувачки платформи“, рече тој во едно интервју. „Софија и нејзините роботи роднини биле во научни музеи, кои ги возбудувале децата за науката. Тоа е моќна платформа за истражување, но и за истражување на она што вештачката интелигенција и роботите можат да бидат за луѓето преку уметнички изрази“.