Компанијата „Тесла“ (Tesla) ангажирала луѓе за од далечина да управуваат со некои способности на нејзините прототипи на роботот „оптимус“ (Optimus) на неодамнешниот настан дизајниран да генерира ентузијазам кај инвеститорите за претстојните производи, според луѓе запознаени со ситуацијата.
Вработени сместени на други места надгледувале многу од интеракциите помеѓу хуманоидните машини и присутните на минатонеделниот настан „Ние, робот“ (We, Robot) во близината на Лос Анџелес, велат упатените, кои побараа да останат анонимни. Прототипите на „оптимус“ можеле да одат без надворешна контрола користејќи вештачка интелигенција, посочуваат изворите.
Претставниците на „Тесла“ не одговорија веднаш на барањата за коментар во однос на оваа ситуација.
Прочитај повеќе
Роботакси: Каде веќе возат, кој ги произведува, дали се профитабилни?
Очите на јавноста се вперени во претставувањето на автономните такси-возила на „Тесла“. „Се пишува историја“, најави Илон Маск.
10.10.2024
Накратко од светот: Маск го претстави роботаксито „сајберкеб“
Производството може да започне во 2026 година, а возилото би можело да чини помалку од 30.000 долари.
11.10.2024
Самостојното управување на „Тесла“ наскоро достапно во Кина и во Европа
„Тесла“ планира да го лансира напредниот систем за помош на возачот во Кина и во Европа во првиот квартал од следната година.
05.09.2024
Во САД е поведена истрага бидејќи по судир се запалил моделот „семи“ на „Тесла“
„Семи“ првпат беше претставен во ноември 2017 година, но сè уште е во пробно производство.
22.08.2024
Автомобил на „Тесла“ со вклучен автопилот предизвикал фатална несреќа
Несреќата е дел од истрагата на криминалниот оддел на Државната патрола на Вашингтон.
01.08.2024
Некои присутни на настанот, по неговото завршување, на социјалните мрежи наведоа дека роботите биле управувани, а барем едно видео објавено онлајн, наводно од настанот за промоција на „сајберкеб“ (Cybercab) на 10 октомври, покажува како барменот „оптимус“ признава дека е „помаган од човек“. Тоа не беше изјавено од извршниот директор Илон Маск за време на неговото обраќање на онлајн преносот.
Користењето човечка асистенција отвора прашања за способностите и подготвеноста на роботот да се најде на пазарот, особено што Маск минатата недела рече дека очекува тоа да биде „најголемиот производ досега од каков било вид“. Извршниот директор им рече на присутните дека хуманоидот ќе се справува со многу домашни задачи и дека на крајот може да биде достапен за потрошувачите за 20.000-30.000 долари.
„Што може да направи?“, рече Маск. „Може да биде учител, да ги чува вашите деца, да го шета вашето куче, да ја коси тревата, да купува намирници, само да ви биде пријател, да служи пијалаци. Што и да можете да замислите, тоа ќе го направи“.
Додека „Тесла“ претходно покажуваше прототипи на „оптимус“, минатата недела беше првпат луѓе што не се вработени во компанијата да имаат шанса директно да стапат во интеракција со црно-белите машини. Тие точеа пијалаци за присутните, се поздравуваа со нив, па дури и играа „лист, камен, ножици“.
Способностите на роботот долго време беа внимателно следени од инвеститорите, дури и ако времето на лансирање на производот останува неизвесно. Набљудувачите во 2022 година го забележаа моментот кога ран прототип мораше да биде носен од луѓе на сцената. „Тесла“ исто така објави ажурирања што покажуваат верзии што можеа да сортираат и да танцуваат.
Лансирање на роботаксито
Првично, „оптимус“ не требаше да биде дел од минатонеделниот настан. Маск побарал негово вклучување околу три недели порано, според лице запознаено со ситуацијата. Краткиот рок значеше дека нема време да се ажурира софтверот, што го направи неопходно далечинското управување, рече лицето.
Многу од присутните ги наведоа своите интеракции со „оптимус“ како еден од позначајните моменти на настанот на „Тесла“.
„’Оптимус’ го украде шоуто според мене“, рече Ненси Тенглер, извршна директорка на „Лафер Тенглер“ (Laffer Tengler Investments), во белешка до клиентите по присуството на настанот. „’Оптимус’ парадираше и танцуваше и изгледаше навистина човечки“.
Аналитичарот на „Ведбуш“ (Wedbush), Ден Ајвс, го нарече настанот „поглед во иднината“, наведувајќи во извештај дека роботот што имитира човек е „потенцијално многу поблиску до реалноста“ отколку што се мислеше пред настанот.
Џин Манстер, управен партнер на фирмата за инвестиции во раст „Дипвотер“ (Deepwater Asset Management), се осврна на идејата дека „оптимус“ бил далечински контролиран и рече дека бил „измамен“ на настанот. Сепак, тој во објава на платформата X посочи дека тоа дава „перспектива околу потенцијалот на производите“.