text size
Затворањето на продавниците на „Хервис“ во Хрватска, Словенија и Германија не помина незабележано. Австрискиот синџир за спортска облека „Хервис“ ги затвора сите продавници во Хрватска, Словенија и Германија, а новите сопственици планираат да се фокусираат исклучиво на австрискиот пазар. Веста доаѓа во време кога пошироката индустрија за спортска опрема се соочува со голем број предизвици, што јасно се одразува во движењата на акциите на водечките компании.