text size
На прв поглед, регионалните акции изгледаат како очигледна алтернатива на скапиот американски пазар, со оглед на тоа што вреднувањата се пониски, а инвеститорот добива поголем дел од очекуваната добивка на компанијата за ист износ капитал. Сепак, тоа не значи дека акциите во регионот се навистина поатрактивни. Инвеститорот не избира само помеѓу американски и регионални акции, бидејќи алтернатива се и државните обврзници, кои денес нудат конкурентни приноси во одредени земји од регионот. Само кога ќе се спореди приносот на добивката од акциите со приносот што инвеститорот може да го добие од државниот долг, се гледа колку всушност му е платено за дополнителниот ризик што го презема, а со тоа почетната приказна за „евтиниот регион“ станува комплицирана.