text size
Брутодомашниот производ (БДП) во земјите од регионот Адрија се очекува да има солиден раст во 2024 година, поттикнат од силната домашна потрошувачка, зголемените плати и инвестициите во инфраструктурата, особено во Словенија и Хрватска. Но и некои настани како „Експо 2027“ во Србија се очекува да ги поттикнат економските активности. Закрепнувањето на надворешната побарувачка, исто така, ќе го зголеми извозот низ целиот регион. Ова е наведено во најновиот макроекономски извештај на аналитичарите на „Блумберг Адрија“ кој во целост можете да го прочитате овде.